Запишани 563 првачиња во основните училиштта во Велес и велешко
Вкупно 563 првачиња се запишаа во првиот уписен рок основните училишта во Велес и велешко. Во основното Блаже Конески. од први септември годинава на училишните клупи ќе седнат 136 првачиња. Речиси двојно помалку или 75 првачиња се запишаа во основното училиште Св. Кирил и Методиј и подрачното во село Црквино.
Во основното училиште Јордан Хаџи Константинов Џинот и подрачното во Башино Село засега се запишани 54 првачиња, додека воосновното Благој Кирков заедно со подрачните во Чалошево и Караслари се запишани 35 ученика. Во основното Рајко Жинзифов во село Оризари засега се запишани 19 првооделенци. Основното училиште Стојан Бурчевски Буридан во селата Иванковци, Мамутчево, Отовица и Сујаклари примиле вкупно 16 барања за запишување на првооделенци.
Засега најмногу првооделенци има запишано во најголемото основно училиште во градотВасил Главинов и неговите подрачни училишта во селата Раштани, Бузалково, Сливник, Клуковец и во населбата Превалец. Таму од први септември ќе почнат да учат 218 ученици.
Во периодот од 2010 до 2011 година во велешко се родени 584 деца. Според надлежните разликата од 21 дете се очекува да се анулира во септември кога е и последниот рок за упис на првооделенци за следната учебна година./Д.С