Основниот суд во Велес оценет за ажурен и ефикасен суд за 2015
Објавено на 18 јули, 2016 во 08:50
Ажурен и ефикасен суд, вака е оценет Основниот суд во Велес за 2015 година. Според годишниот извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија , велешкиот суд успеал да реши голем дел од новопримените предмети а во голема мера го намалил и бројот на заостанати нерешени предмети, пишува во во соопштението.
Минатата година Основниот суд во Велес ја започнал со вкупно 2.499 нерешени предмети од претходната година. Во текот на 2015 биле примени 18.096 предмети. Вработените лани работеле на вкупно 20.595 предмети, од нис се решени 18.102 предмети а на крајот од годината останале нерешени 2.493 предмети, стои во соопштението од судот.
Даниела Саздова