Реакција на ВМРО ДПМНЕ: Шекеринска има чиста нула кога е во прашање кредибилитетот да зборува за отворање нови работни места
За владејачката партија ветувањата на опозицијата за зголемување на минималната плата се уште една лага во предизборито. Во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по денешната изјава на заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во Велес кога најави низа мерки за вработување кои би ги спровела партијата ако победи на декемвриските избори меѓудругото се вели:
– Радмила Шекеринска има чиста нула кога е во прашање кредибилитетот да зборува за отворање нови работни места. Шекеринска ги гледаше во очи и ги излажа граѓаните на Република Македонија во 2002 година дека ќе вработи по еден човек од секое семејство. Граѓаните не забораваат и токму поради таквите лаги го држат СДСМ што подалеку од власта веќе 9 изборни циклуси по ред, пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Од владејачката партија на опозицијата и порачаа дека се што треба е да собере храброст и да престане да има фобија од избори и панично да бега од соочување со волјата на граѓаните./У.Ј