Пожар пеплоса дел од млекарата „Милком“ во село Ногаевци
Објавено на 12 октомври, 2016 во 14:36
Излевањето на нафта од котелот за парно греење предизвика пожар денеска во млакарата „Милком“ во село Ногаевци крај Градско. Огнот избувнал некаде пред 13 часот и среќа што го забележале дел од вработените кои веднаш побарале помош од противпожарната единица од Велес.
Пламените јазици ја проголтале електричната инсталација, зафатиле дел од покривиот на млекарата, го изгореле хидрофорот за вода и еден панелен ѕид на комората за разладување. Тоа веќе се случило кога пожарникароите стигнале на лице место. Тројца пожарникари, со едно противпожарно возило го гаснеле распламтениот оган цели два часа. Толку време им било потреб но за да се локализира пожарот.
Пожарот предизвика материјална штета која дополнително ќе се утврдува.
Убавка Јаневска