Сообраќајна несреќа се случи утринава околу 08.30 часот на ул.“Васил Ѓоргов“ пред куќен број 33 на патот кон плоштад Којник во Велес. Во несреќата учествуваа патнички автомобил марка „Шевролет спарк“ со рег.бр. ВЕ 250-БТ, управуван од Ј.Х.(43) од Велес и мопед непозната марка без рег.броеви, управуван од А.С.(23) од Велес.

Возачот на мопедот се здоби со тешка телесна повреда.

Тој е надвор од животна опасност.

Сепак, дваесет и три годишниот моторциклист бил пренесен на хирушкото одделение во Болница Велес каде по укажаната лекарска помош, извршени прегледи и ренгенско снимање било констатирано дека има скршеница на подколеница. Тој е пренесен во Ургентниот центар во Скопје на понатамошно лекување.

На местото на несреќата увид направи екипа на СВР Велес. Таа ќе ги утврди причините и околностите под кои се случила сообраќајката. /У.Ј

Поврзани вести

Најново