Социјалдемократите го прашаа Чадиев зошто Офицерскиот дом не стана Градска куќа и добија одговор од општината дека имала проект и за тој објект
Ова прашање денеска му го поставија Социјалдемократите од општинската организација на градоначалникот Савчо Чадиев, токму од пред северниот руиниран ѕид на објектот што беше заштитен со платна кога локалната власт го предаде во употреба паркот во кој го преадаптира дворот на култното место за велешани. По седум месеци откако за прв пат го потсетија градоначалникот денеска секретарот на ОО на СДСМ Марјанчо Јорданов повторно потсети на ветувањата на Чадиев дека објектот Офицерски дом требаше да стане Градска куќа.
– Овој објект е сопственост на Општина Велес и до сега одамна требаше да биде Градска куќа , според ветувањата на Чадиев. Но и од ова ветување нема ништо. Објектот стои руиниран и во внатрешниот и во надворешниот дел, Велес се уште нема Градска куќа и редно е пред само неколку месеци од истекот на мандатот да го прашаме: Господине Чадиев, каде е Градската куќа што им ја ветивте на Велешани? До кога овој објект ќе го груби лицето на градот? Дали и ова е уште едно од многуте ваши лажни ветувања?, рече Јорданов.
Тој повтори дека според кварталниот извештај за дванесетмесечното работење на Општина Велес, во 2016 година, покажал огромни ненаплатени долгови на општината од над 76 милиони денари, односно над 1.200.000 евра и го праша градоначалникот дали кога на граѓаните на Велес им го делел Отчетот за сработеното заборавил или намерно не го вметнал и финансискиот дел .
– Заборавивте да им кажете на велешани колку ја задолживте Општината, да кажете колав е долгот на општината ? Заборавивте ли да кажете колку проекти од вашата книга на ветувања, односно вашата изборна програма не реализиравте? Крајно време е да им кажете на граѓаните на Велес со колкав долг ќе ја оставите Општина Велес по само неколку недели, кога и ви завршува мандатот, рече Јорданов.
Тој на крајот констатираше дека велешани запишале и запамтиле дека Градска куќа било ветено но не остварено ветување.
Од општината реагираа со објаснување дека во делот на градот, каде што е сместен Офицерскиот дом, се изградила многу убава паркова површина која во поладневните и во вечерните часови била една од најискористените за одмор и рекреација на граѓаните на Велес. Воедно информираа дека бил изработен проект за реконструкција на објектот, кој ќе чинел 5 милиони денари или 3,1 милиони денари биле Грант од Светска банка, а остатокот, средства од буџетот на Општина Велес.
– Поради политичката криза во која токму СДСМ ја втурна државата немаше можност за реализација на проектот во пролетните месеци. Во меѓувреме истиот е испратен на одобрување во Министерствот за финасии и од таму сеуште нема одговор, пишува во реакцијата на општина Велес.
Воедно општината ги упати членовите на СДСМ да прашаат зошто Министерството за финасии не дава одговор на барањето за реализација на проектот и дали тоа се прави со цел да биде блокирана Општина Велес и додадоа дека општинскиот Буџет и каса биле ликвидни како и дека граѓаните во секој момент знаеле каде и за што се трошат нивните пари./У.Ј