ВМРО ДПМНЕ: Во време на нашата Влада градскиот стадион стана еден од најрепрезентативните објекти во градот
До пред некоја година градскиот стадион во Велес беше една од полошите слики на градот, целосно заборавен од државната и од локалната власт, додека сега е комплетно променета слика што ги покажува делата на ВМРО ДПМНЕ, видливи за сите граѓани, соопштија на денешната прес конференција од ВМРО ДПМНЕ.
– Со помош на Владата на ВМРО ДПМНЕ и Градоначалникот Славчо Чадиев градскиот стадион во Велес е речиси целосно изменет. Поставена е вештачка трева на која може да се играат натпревари до полуфинале од лигата на шампионите. Теренот има нова дренажа. На главната трибина монтирани се 1000 столчиња, а во наредниот период се очекува таа бројка да се зголеми. Реновирани се соблекувалните и просториите за службените лица. Започна и процес на поставување на осветлување. Во досегашната реконструкцијата на градскиот стадион инвестирани се 600 000 евра, рече Иле Попов.
Тој потсети дека подобрувањето на условите за спорт и рекреацијата се вистинската насока за развој на младите генерации на кои токму во времето на Владата на ВМРО ДПМНЕ се посветувало големо внимание и конкретно во Велес биле реализирани низа проекти како изградени први два тениски терени, три повеќенаменски игралишта, фитнес зона, во финална фаза била реконструкцијата на покривот на спортската сала „Гемиџии“, се формирале градски клубови во ракомет, во одбојка, во бокс, а привршувало и формирањето на Градскиот кошаркарски клуб.
– Првите два, годинава беа дел од плеј офот. Со тоа се врати и публиката на трибините, во салите има раздвиженост.Сосема спротивно беше времето кога СДСМ ја водеше општината. Тогаш немаше никави инвестиции и проекти на полето на спортот. Клубовите пропаѓаа, не се вложуваше во инфраструктура, младите изгубија интерес да членуваат во спортските клубови, трибините беа празни, екипите играа во најнизок ранг на натпреварување, додаде Попов според кого ваквиот однос го препознавале граѓаните и имало евидентна разлика./У.Ј