Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Обезбедувањето на огревно дрво, деновиве, е приоритетна обврска на голем број граѓани во Велес. Во услови кога се менуваат временските прилики расте и побарувачката на дрва и затоа не се прашува за цена. И токму кога е во прашање цената поголем број граѓани реагираат затоа што при набавката на огревно дрво во приватните складови не добивале фискални сметки а цената што ја платиле не е напишана ниту на испратницата што е единствен документ за транспортирањето од складот до купувачот. Граѓаните револтирани прашуваат има ли инспекција во градот.

Полицијата врши контрола дали превозникот има испратница, но не контролира зошто на документот нема цена и зошто нема фискална сметка.

Различна е цена што граѓаните ја плаќаат при купување за огревно дрво во приватните складови и се движи од 2.800 до 3.100 денари за еден метар кубен. Само во подружницата на „Македонски шуми“ во Велес цената изнесува 2.400 денари за метар кубен дабово дрво или 50 денари помалку за буково дрво. Но,од складот на државното претпријатие добиваат огревно дрво само граѓаните кои пролетва го платиле. Тие добиваат фискални сметки и испратница со цена на чинење по метар кубен.

За разлика од овој склад во останатите приватни складови дрва има доволно, но по различна и повисока цена. Кога на цената ќе се додаде превозот од 150 денари за кубик и за сечење од 100 денари тогаш граѓаните еден кубик ги чини повеќе од 3.250 денари.

Со огревно дрво во Велес се затоплуваат повеќе од 60 па и 70 одсто од жителите и годишно се трошат повеќе илјади кубни метри дабови и букови дрва./С.А.

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново