Арсов: Покриениот градски пазар, уште еден пример на неостварено и нереализирано ветување на Чадиев кон велешани
Од Градскиот пазар денеска СДСМ го потсети градоначалникот Славчо Чадиев на неостварено изборно ветување за изградба во Велес на модерен, современ затворен пазар и трговски центар, со регулиран сообраќаен режим околу него, по теркот на модерните затворени пазари и трговски центри, кои се градат во светот, рече Претседателот на Локалниот Клуб на СДММ Велес, Драган Арсов.
{vembed Y=jg-_sCWw1P0}
На прес конференцијата на СДСМ реагираше Општина Велес соопштувајќи дека покриениот градски пазар бил голем проект и потребна била добра подготовка за негова изградба.
„Согласно програмата и динамиката истиот беше предвиден за изградба во последната година од мандатот на Градоначалникот Чадиев. Претходно општинските служби повеќе од година и половина ја комплетираа целокупната документација како идејното решение, основниот проект, одобрението за градба итн.
Откако таа беше комплетирана во почетокот на 2017 требаше да започне изградбата, но политичката ситуација во која Државата и Општините ги втурна СДСМ придонесе да се пролонгираат работите. Да не беше политичката криза, која кулминираше со суспендирање на потписите на Градоначалниците цел месец сега објектот ќе беше во напредна фаза,“ соопштија од Општина Велес.
Од таму додадоа дека сепак на 25 Август се одржало јавно наддавање за избор на фирма, најповолен понудувач, што ќе ја реализра првата фаза од проектот Покриен градски пазар. Без да го соопштат името на избраната компанија ја напишаа сумата од 10,5 милиони денари за која ќе треба да ја изведе првата фаза од изградбата на затворениот градски пазар./У.Ј