Апасиев: Градот на Рацин да изгради мазолеј во кој ќе бидат пренесени посмртните останки на најпознатиот велешанец
Левица го најави својот влез во Советот на општина Велес на денешната прес конференција посветена на очекувањата конечно да се разбие политичкото двопартиско милје кога се во прашање дводецениските состави на телото што управува со градот и со општината. Потсетувајќи на зборовите на Коста Рацин ,,Силно светнал ден“ како и со рациновата омилена реченица „Ќе победиме“ кандидатот за член на Советот на Листата на Левица, Игор Смилев најави дека тоа го очекуваат од носителот Димитар Апасиев.
Апасиев говорејки за Изборната програма на Левица најголемо внимание посвети на мерките за младинска и културна политика.
– Имаме амбициозна програма која предвидува Младински културен центар на местото на стариот театар во Велес бидејќи Велес е единствениот поголем град кој нема младинска сцена поточно младите креативци нема каде да творат, младите бендови нема каде да свират, младите уметници нема каде да цртаат и да прават скулптури. Следната младинска мерка е оторање на автономни, културни и социјални центри по принципот на сквотирање на јавни површини што се запуштени како и фабрички хали. Тоа е познат европски метод на запуштени индустриски зони од страна на млади уметници. Исто така предвидувамњ и реотворање на киното бидејќи е штета Велес да нема кино сала каде ќе се одвива културна и цивилизирана кино проекција, рече Апасиев
Тој додаде дека како поранешни активисти на Ленка чувствуваат морален долг кон градот и патронот на градот Коста Рацин за кого предвидуваат изградба на мазолеј што подразбира вадење на неговите посмртни останки од Спомен костурницата и чување на едно такво место бидејќи како најпозната личност во Велес, тој тоа и го заслужува./У.Ј