Кандидатите за членови на Советот на Општина Велес од СДСМ со завршна прес конференција и повеќе прашања за против кандидатите од ВМРО ДПМНЕ
Господата од ДПМНЕ немаат доблест да излезат пред велешката јавност и да кажат за оние злоупотреби и малвезации кои ги правеле додека ја водеа општина Велес, рекоа денеска на прес конференцијата на кандидатите за членови на Советот на Општина Велес од коалицијата предводена од СДСМ.
Кандидатот за советник Душко Петров упати прашања до актуелниот Претседател на Советот на општината и носител на Листата со советници на коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, Александар Колев поврзани со купување на стан во Скопје, пред еден месец.
{vembed Y=FG2O6uE6Iho}
Кандидатот за член на Советот на Општина Велес, Емил Трчков, како што рече, во интерес на граѓаните и вистината пренесе партиски ставови за нападите од против кандидатите поврзани со пешачкиот надвозник од Башино село до гробиштата на црквата.
{vembed Y=youtu.be}
„Уште само два дена до заминувањето на оваа ненародна локална власт. Режимот е скршен, доаѓа слободата во Велес, доаѓа живот за сите во Велес. Вашата поддршка, почитувани сограѓани е крајно неопходна, за да создадеме услови за добар и достоинствен живот, во местото каде што сме родени, каде што учат вашите деца, каде што работиме“, рече кандидатката за член на Советот, Маја Стојанова.
{vembed Y=VyxsxopUSu0}
„Велешани да Ве потсетиме како изгледаше и како изгледа вмровското владеење на дело“. Со овие зборови ја започна својата изјава кандидатката за член на Советот на општината, Маја Хеско.
{vembed Y=YN2Nwcass1I}