Колев: Време е за нови победи! Секогаш за Велес, Секогаш за Македонија!
Носителот на Листата со кандидати за членови на Советот на Општина Велес од коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, д-р Александар Колев на завршната прес конференција им се заблагодари на поддршката што ја добиле од граѓаните на Велес.
– Во изминатиов период оставривме многу средби, ги посетивме сите маала, се сретнавме со речиси сите граѓани. Оствариме многу средби со претставниците од бизнис секторот, со спортистите, просветните и здравствените работници, со невладините организации, со претставниците на урбаните и месните заедници и Ви благодариме за тоа. Ви благодариме што ја препознавте и ја прифативте нашата Програма. Новата ЕРА за Велес е Програма која нуди просперитет и подобар живот за Велес. Нудиме преку 140 проекти кој цврсто стоиме зад нив и силно ветуваме дека ќе ги реализираме за доброто на граѓаните, за економски развиен, за урбан, за модерен и подобар Велес, рече Колев.
Тој накратко потсети на дел од најважните проекти кои локалната самоуправа предводена од ВМРО –ДПМНЕ ќе ги реализира во следниот мандат и со кои ја очекуваат поддршката од граѓаните за, како што рече, општина Велес да ја направат уште поубаво место за живеење.
Во однос на кампањата, д-р Колев рече дека партија отсекогаш води позитивна кампања и се бори со идеи и проекти.
– Иако нашиот противник се служеше со навреди, неморални и лицемерни изјави, со монтажи и црни сценарија, сепак ВМРО-ДПМНЕ успеа да покаже зошто е прогресивна партија која успехот го темели на работа, чесност и транспарентност. Вие Граѓаните добро го препознавате тоа и верувам дека така ќе биде и во недела на 15 октомври, рече Колев.
Тој ја побара довербата на велешани, во недела, на 15 октомври на претстојните Локални избори 2017./У.Ј