Излезноста на гласачите на двете избирачки места до 13.40 часот во велешки суд е добра, констатираа претседателките на Избирачките одбори
На време беа отворени двете избирачки места во Основниот суд во Велес и без проблеми тече изборниот процес, рекоа Претседателките на Избирачките одбори 2161 Емилија Дикова и на 2162 Јелена Тодевска. Зградата на Основниот суд во Велес се наоѓа во строгиот центар на градот. Во моментот кога престојувавме бројот на граѓани кои доаѓаа, гласаа и си заминуваа беше голем.
– Гласачкото место беше отворено на време, во 7 часот, гласањето оди во најдобар ред, овде до 11.35 часот гласаа 140 граѓани од вкупно евидентирани 500 избирачи. До 13.40 часот на ова избирачко место гласаа вкупно 230 граѓани или 48% од граѓаните со право на глас, рече Дикова.
– Утрово избирачкото место 2162 утрово беше навреме отворено откако избирачкиот одбор провери и констатира дека се создадени сите услови за работа. На ова избирачко место право на глас имаат 535 граѓани. До 11.30 часот излезноста беше 123 граѓани додека во 13.30 часот правото на избор го искористиле 230 велешани, евидентирани во единствениот избирачки список. Се е во ред немаме никакви проблеми , рече Тодевска.
Изборниот процес го следат набљудувачи на МОСТ.
Засега од граѓани во Велес се говори за разни политички агитирања пред гласачките места во градот како и за откиен избирач кој фотографирал гласачо ливче на гласачко место. Но овие информации не се потврдени од Општинската изборна комисија во Велес.
Според претседателката Лили Велковска до 13 часот одзивот на граѓаните изнесува 30,72 %. Денеска во Општина Велес можат да гласаат вкупно 46.525 граѓани со право на глас. Толку се евидентирани во Единствениот Избирачки список. Тие гласаат на вкупно 84 избирачки места во градот и во населените места во општината./У.Ј