Изјава на Чадиев по гласањето: „ По негативна кампања од СДСМ заедно со МВР не е водена во нашиот град од 1990 година наваму“
Кандидатот за градоначалник, Славчо Чадиев од коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во 11. 15 часот, со семејството, гласаше на избирачкото место во зградата на Основниот суд во Велес.
Откако го оствари граѓанското право тој даде изјава:
– Ценам дека денот досега е добар за разлика од синоќа до 24 часот кога водената кампања од СДСМ потпомогната од МВР кога имаше притисоци, повикување на луѓе на информативни разговори, со следење на кандидатот за Градоначалник на ВМРО ДПМНЕ до 1 часот по полноќ , со паркирани коли пред вратите на нашите активисти за што е известен ОБСЕ и Амбасадите. Ценам дека водењето на кампањата во последните седум дена ги надмина сите невозможни демократски процеси односно по негативна кампања од СДСМ заедно со МВР не е водена во нашиот град од 1990 година па се до сега. Се надевам дека ќе смогнат сили денешниот ден да ни биде празник на градот, да не прават притисоци, народот да го остават слободно да гласа по своја воља да го заврши овој избирачки ден со оглед дека имаме и сончево и топло време но, во секој случај останува онаа црна точка што изминативе седум дена кога СДСМ со првиот човек на Владата па се до последниот што го посетија нашиот град, што одеа од куќа на куќа што е незабележливо во демократијата во изминативе дваесет и шест, дваесет и седум години. Се надевам дека вакви избори веќе никогаш нема да се повторат , се надевам дека народот ќе знае да одбере денеска, ќе знае да упати една порака до оние што сакаат демократијата да ја симнат на најниско ниво во нашиот град, рече Чадиев.
Носителот на листата со кандидати за членови на Советот на Општина Велес, д-р Александар Колев гласаше во 12 часот на избирачко место во ООУ „Васил Главинов“./У.Ј