ДИК: Во Велес и околните општини, до 17 часот, излезност над 50%
Објавено на 15 октомври, 2017 во 18:35
Државната изборна комисија ги соопшти податоците за излесностa на граѓаните на шестите локални избори во општините Велес, Градско, Лозово и Чашка до 17 часот.
Според објавените податоци во Велес излегле и гласале 51,26% од вкупно запишаните 46.525 гласачи.
Во Општина Градско излегле и гласале 55,70% од вкупно запишаните 3.147 избирачи.
Во општина Чашка излезноста изнесува 53,53% од вкупно запишани 6012 граѓани со право на глас.
Во општина Лозово до 17 часот излегле и гласале 67,79% од вкупно запишани 2072 избирачи./У.Ј