Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Неподготвеност и несериозност во работата на СДСМ виде локалната опозиција предводена ВМРО ДПМНЕ поврзани со свикувањето на втората и третата Советот на општина Велес. Нивните образложенија ги содржат аргументите според кои на последната,трета седница, прво советникот др Ненад Коциќ предложил две точки што биле прифатени за потоа едната поради недостаток на материјал да ја повлече.

- Но наместо паузата да ја искористи за да создаде услови за нормално и законско работење, претседателот на Советот Душко Петров, по паузата, ја продолжи седницата без да бидат доставени материјалите. За иронијата да биде поголема, тоа е токму точката за која СДСМ тврдеше дека има итна потреба од расправа а се однесуваше на преземање на мерки против загадувањето. Колку неодговорно и несерозно. Понатаму, дневниот ред кои првично беше предложен со 9 точки, беше наподолнет со нови 30 точки, речиси сите од неодржаната втора седница. Дополнително беа дадени две паузи од час и половина и еден час за да дел од одлуките бидат објавени во службен гласник, рече советникот Ангел Димов од ВМРО ДПМНЕ.

Затоа опозицијата праша дали локалната власт вака постапувала затоа што не се снимале седниците на Советот на општината, што за потребите на претходниот состав го правеше К1 Телевизија, па јавно не емитуваните две седници, им го ускратиле правото на граѓаните да видат како се уривал угледот на Советот.

За локалната власт ваквиот однос на советничката група на ВМРО ДПМНЕ е манипулација со граѓаните бидејќи нивното неучество во работата на комисиите, каде советниците се подготвуваат за точките од дневниот ред на седниците на Советот, ги наведува на погрешни заклучоци.

Од СДСМ преку советникот др Ненад Коциќ појаснија, единствено точно било дека токму тој побарал две дополнителни точки на дневниот ред за Разрешување на целиот УО на ГРК Борец и комисиската препорака, која произлегла од стручните служби, наместо итни мерки да се донесе Стратегија со краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за квалитетот на амбиенталниот воздух во Велес. Др Коциќ појаснува дека морале да го разрешат Управниот Одбор на градскиот ракометен клуб поради неотповикливите оставки на членовите ,ден по првиот круг на локалните избори. Додека за втората точка за итно носење на превентивни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во Велес по прифатената сугестија за носење на Стратегија, тој тврди дека ќе биде донесена неделава.

- Доколку учествуваа во работата на комисиите советниците на опозицијата ќе знаеја за ова барање и немаше да шират невистини. Зошто и покрај тоа што земаат народни пари, не учествуваат во работата на комисиите а за тоа треба да им објаснат на своите гласачи. Патетично е партијата која 8,5 години не презеде ниту една мерка за намалување на загадувањето на воздухот во Велес и покрај барањата и прозивките на граѓаните на Велес, да обвинува за несериозност, кога на првата работна седница, после 8,5 години, Советот на општина Велес, како приоритет ја стави борбата за почист воздух. Неточно е дека Претседателот Петров не им ја доставил потребната документација, затоа што советниците бараа биографии за пет предлог членови на Советот за јавно здравје. Со оглед на фактот дека не е деловничка обврска да се достават веднаш, им беше соопштено дека ќе им бидат доставени дополнително, рече др Коциќ.

Според него наместо советниците на ВМРО ДПМНЕ и коалиционите партнери да излезат и на велешката јавност да и објаснат за масовната злоупотреба на општинскиот имот, возење и уништување државни коли од страна на локалните партиски функционери, за ангажирање лични возачи со пари на граѓаните на Велес, за тоа што испиле и изеле а ченело илјадници евра народни пари на манифестацијата „Питијада“ и како дозволиле општината да се задолжи 2.700.000 евра, тие на прес конференции се жалеле дека имале по 39 точки, на дневниот ред на седниците на Советот на Општината./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново