Перкс од УНИЦЕФ: „Да обрнеме внимание на високите стапки на смртност кај бебињата “
Дваесетти ноември е светскиот ден на децата. Низ светот денеска децата ги превземаат училиштата, институциите и службите како и работните места. Вака го започна денешното обраќање преставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс кој заедно со заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлевски и Градоначалникот на Велес Аце Коцевски присуствуваа на централната манифестација на државно ниво на „Светскиот ден на детето“ организирана во ООУ “Васил Главинов“ во Велес.
Настанот имаше забавен карактер но, преку него беше испратена сериозна пораката дека сите имаме обврска да им го обезбедиме најдоброто на децата.
– Да им обезбедиме услови за учење, да напредуваат, да се развиваат и да го развиваат својот најдобар потенцијал. И потребата за сериозни реформи во образовниот систем , во предучилишното образование, во стапката на смртност на бебињата и сите други сериозни прашања што треба да се адресираат. Сепак треба да обрнеме внимание на високите стапки на смртност кај бебињата и исто така во регионов, Македонија, спаѓа во земјите кои што имаат најмала покриеност на деца во предшколско образование како и во посетувањето на основното и средното образование што треба да се подобри, рече Перкс .
Во ООУ „Васил Главинов“ во образовниот процес се вклучени и деца со посебни потреби. Тоа е училиште за пример. Сепак препораките на УНИЦЕФ се сериозни и упатени како до локалните така и доцентралната власт во Македонија.
– Ние само декларативно велиме дека децата се нашата сегашност и иднина. Состојбите се многу неповолни особено во детските градинки , во раниот детски развој. Сакам да кажам дека Општина Велес во иднина многу ќе работи за да ги подобри вкупните состојби затоа што научните анализи покажуваат дека многу е понизок степенот на интелектуален развој на незгрижените деца во споредба со згрижените во градинките. Мора тој процент од околу 40 да се зголеми на над 90%. ако сакаме да имаме младина со висок коефициент на интелегенција, рече Градоначалникот Аце Коцевски.
Велес има недостиг на простор во детските градинки наспроти вишок во основните училиштата. Општината планира да ги спои основните училишта „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“ . Зградата на првото училиште соодветно да се искористи. Реформи во искористувањето на расположливиот простор во шесте клона на детската градинка и да се отворат нови градинки во поголемите рурални населени места но и во соседните општини Чашка и Градско со што поголемата ќе им помага на помалите општини . Исто така, Велес има недоволно стручен кадар во детските градинки наспроти потребата што се појавува во делот на воспитувањето и образованието токму на оваа категорија на најмлади граѓани./У.Ј