Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

За десет сантиметри, денеска, падна нивото на водата во речното корито на Вардар. Ако утрово на мерното место беа измерени рекордни 216 см напладне новите мерења покажаа дека висината на водниот тек во централното градско подрачје изнесува 206 см. Освен под Мало Мовче нема други излевања на водата од речното корито вели раководителката на подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување, Билјана Симонова.

- Поради налавунање на интензитетот на дождови а и фактот дека денеска во велешко не заврна дожд од пладне веќе се намалува нивото на водата во Вардар. Нема поплаки од граѓани за излевање на водата од речното корито. Единствено тоа се случи околу Мало Мовче каде водата ги потопи скалите и се искачи до првото ниво на кејот, рече Симонова.

Зголемувањето на водостојот на реката започна на 30 ноември. Тогаш скоро двојно се зголеми од 78см на 140 см. На 02 декември утрината висината на водостојот изнесуваше 196 см за доцна попладнето да порасне за нови 14 см. Утринава беа измерени рекордните 216 см вода.

„Постојано се следи и состојбата со наносите на мостот кај Башино село. Тие се чистат. Минувањето по мостот е безбедно“, велат од Општина Велес.

Вардар донесе само едно дрво што е закачено на средниот столб на мостот „Гемиџии“./У.Ј

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново