Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Вардарскиот плански регион од Македонија и регионот Азлас од Франција заеднички работат на промоција и развој на транзитниот и рурален  туризам.  За таа цел утре во Велес во организација на Фондацијата за локален развој и демократија „Фокус„ од Велес, Општина Велес и граѓанската организација Алма од Алзас, Франција ќе се одржи билатерална конференција „Европски искуства за развој на туризмот – билатерална соработка Македонија – Алзас“.

На денешната прес конференција од „Фокус“ информираа дека со граѓанската организација „Алма“ од Алзас заеднички ќе аплицираат со два проекти за развој на руралниот и транзитен туризам во Вардарскиот регион.

„ Целта е да се конкретизираат плановите за соработката помеѓу Вардарски регион од Македонија и Алзас од Франција.  До сега овие два региона соработувале во делот на развојот на винскиот туриозам и креирањето на винските патишта. ФОКУС  очекува конкретна поддршка од „Алма“ на два првични  проекти со кои заеднички ќе аплицираме на  европските  повици  за финансирање проекти  од линијата за развој на рурален и транзитен туризам во Вардарски регион. Станува збор за проекти кои ќе го разубават Велес и за кој сметаме дека доколку се реализираат велешани ќе бидат горди на својата традиција од една и од друга страна ќе придонесат за развој на локалниот економски развој“ рече Даниела Саздова од „Фокус“ и информира дека од денеска во Велес претстојува делегација од регионот Алзас во Франција. Делегацијата е предводена од Жак Шлеф -  претседател на граѓанска организација „Алма“. Во составот на делегацијата се Пјер Жошем ,заменик директор на Агенцијата за развој на туризмот на Долна Рајна,  г-ѓа Катрин Гисберк, експерт за рурален туризам од Алзас и г-дин Клод Ешвалд, архитект за заштита на културно наследство од регионот Алзас.

Г-ѓа Гисберк е  заслужна за развојот на руралниот туризам во Алзас, затоа што како архитект, успеала селото Обернаи во областа Кајзерсберг да го реконструира, а при тоа да му ја задржи автентичноста и годишно да привлекува дури 4 милиони туристи од целиот свет. И останатите нејзини реконструирани села во Франција се прогласувани за најубави и најпосетени  села во Франција за 2017 година.

Александар Стојковски, пак нагласи дека Фондацијата „Фокус“’ веќе 11 години работи на развој на локалните заедници и демократија, притоа ставајќи акцент на граѓаните.

„Фокус има големо искуство во реализацијата на проекти на локално, национално,  регионално и меѓународно ниво.  Благодарност до општина Велес за дадената доверба да биде наш партнер на ова билатерална конференција. Таа е дел од претходно воспоставената соработка помеѓу двата региона и е значајна за градењето на вински пат. Минатата година македонска делегација беше во посета на Стразбур“ нагласи Стојковски./А.Д

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.