Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На вознемирување во ноќните часови се жалат граѓаните кои живеат околу комплексот куќи Варналиите. Нивни вознемирувачи се млади луѓе кои седат во летниковецот и освен што галамат постојано им фрлаат петарди, тврдат граѓаните. Тие раскажуваат дека се обидувале да разговараат со младите корисници на летниковецот но не можеле да наидат на разбирање. По ноќните опомени следувале рафално фрлање на петарди под нивните прозори или влезни врати на куќите.

- Од април наваму не сме наспани. Верувајте ни секоја вечер прво се обидуваме со убави зборови да ги разубедиме дека после 22 часот не треба да ни галамат. И наместо да не послушаат и да си заминат тие уште погласно зборуваат, се довикуваат, се расправаат меѓу себе, со нас, рече сопственичка на куќа.

- Не само што се гласни туку секоја вечер овде кај Варналиите има во серии пукање на петарди. Пред полноќ или по полноќ што не избезумува. Овде имаме соседи со мали деца и нив ги малтретираат а не само нас повозрасните, вели сопственик на куќа.

И останатите жители во првите куќи во маалото Врналиите раскажуваат и се жалат на иста состојба. Некој од нив повеќе пати побарале помош и од полицијата.

- И наместо да ни помогнат, да пратат полиција таму некој што седи до телефонскиот апарат на бројот 192 ни вели што да им правиме, жалете се каде што сакате. Па нели е тоа срам за институцијата која треба да се грижи за редот и мирот на своите граѓани. Да бидам попрецизен, помош бараме ноќе, после 22 часот, кога со закон е забрането да се галами и вознемирува, рече сопственичка на куќа.

Сега овие граѓани ќе бараат помош од општината. Веќе се интересирале за прием кај Градоначалникот Аце Коцевски од кого ќе бараат да им помогне преку зголемено присуство на полицајци околу летниковецот. Некој од нив, додека разговаравме, револтирано рекoa дека ќе напишат петиција со која ќе бараат Општина Велес да го тргне летниковецот од локацијата на која сега се наоѓа./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново