За црквата во манастирот Св.вм. Димитрија во Велес

Објавено на 8 декември, 2017 во 10:08

Да појасниме – едно е манастирска црква, а друго е манастир!
Како прво црквата никогаш не била закопана манастирската црква! Тоа стои само во приказната која некои загрижени велешани ја имаат создадено со намера околу црквата постојано, уште многу одамна, да се кршат копја и коваат интриги.

Второ, црквата во манастирот не била првобитно посветена на Св.Димитрија, како што некој сакал да ја претстави, туку била посветена на Св.Богородица. За тоа сведочи иконата над влезната врата на црквата, што е гребена и премачкувана со малтер. Но, малтерот секогаш паѓал и ден денес, ако подобро погледнете, се гледа ликот на Богородица која во крилото го држи детето Исус Христос.

Дека манастирската црква била посветена на Св.Богородица потврдува празникот кој го слави ова црква, една недела после Велигден, во четврток навечер и петок. Овој празник се вика Источен петок Балаклија и на овој начин и обем се празнува само во две цркви во православието. На ова велешани треба да бидат особено горди бидејќи само уште црквата посветена на Св.Богородица , прочуената Црква на Животодавниот Извор во Истанбул го слави Источен петок Балаклија, како празник на трите свети води, за кои се смета дека имаат исклучително лековито дејство токму на овој празник.

Исто така, нашиот велешки манастир навистина има три свети води, кои велешани како и многу добронамерници ги посетуваат и им оддаваат достојна почит.

И уште една напомена: во турските пишани документи постојат списи кои кажуваат дека на денот на празникот Источен петок Балаклија , турските власти поставувале војска од железничката станица, која тогаш била под градскиот саат, па се до манастирските порти. Кога возот со верници стасувал во утринските часови на станицата, тие пеш се упатувале по пругата кон Манастирот. Турската војска ги надгледувала односно со тоа сакала да се покаже дека турската држава се трудела да ги заштити верските права на не турското население.

Значи, информациите дека црквата е подигната во чест на Св.Димитрија не се точни како ни тоа дека е подигната во 14 век.

Според сите параметри, најновите истражувања покажуваат дека црквата е пред 13 век, можеби и од средината на 12 век. Тоа најдобро ќе се види по најновите истражувања кои се започнати во ова црква, единствена по градба во Македонија поради камбанаријата, што е уникатно дело во македонската црковно-градителска архитектура. Предвидена е и реставрација на фреските и вадење на горниот слој, се до првобитните почетни фрески, од времето кога црквата за прв пат била фрескоживотопишана. Мислењето на повеќе стручни лица е дека ќе се дојде до импозантни и многу вредни наоди, кои можеби ќе сменат многу од она што го знаеме за ова црква.

Истражувањата досегаат одат дотаму што некои сметаат дека при доаѓањето на Св.Павле во Македонија, тој се задржал и во овие краишта иако пишани документи не постојат, или имало па се изгубени низ вековите, сепак оставил некоја трага од своето присуство на овие простори.

Ќе потсетам и на податоците дека крај манастирската црква, лево од влезот, порано постоел гроб на кој пишувало :

„Почива Георгие, а рекоми Мирослав, Имин син , а унук жупана Срацимира и Алтимира. Умро 26 септембра, у недељу, на дан Јована Богослова и евангелиста “.
(според Ѓ.Радојчиќ * Белешке о једној надгробној плочи из Велеса *во часописот * Старинар* ,VII – VIII ( 1956-57 ).

Иако датирани во 14 век, личностите од овој натпис не се идентификувани, ниту се откриени други податоци поврзани со нив.

Инаку, постои кажување дека како град Велес се споменува во 1202 година, како дел од битолската епархија , кога епирскиот деспот Михаило втори му го отстапил градот на царот Јован Ватица. Дали еден од нив е можниот ктитор на манастирската црква? Можеби, само треба да се провери веродостојноста со споредување на ликовите .

Познатата приказна за заземањето на Стариот град ( Калето) од страна на Турците-Османлии во 1386/7 година, се врзува и со оваа манастирска црква. Во турските архиви пишува дека кога турската војска пристигнала под Стариот град, таа наишла на повеќе цркви кои веќе биле опожарени од самите староседелци. Никаде не се споменува рушење или палење на цркви од страна на турците, туку дека тие најчесто црквите ги преадаптирале во џамии и не ги рушеле, како што многумина мислат.

Фактот дека по завземањето на Калето, во период до 1405/7 година, се случиле два големи земјотреси и имало големи одрони, оштетување на ѕидините на тврдината, рушење на дрвениот мост преку Вардар, па можно е свлечиште да ја има делумно засипано црквата.

Ако ги погледнеме старите , првобитни слики од манастирот , ќе забележиме цврст, потпорен ѕид на ридот на западната страна. Дали е тој направен за да се спречи можен одрон од ридот погоре? Веројатно, тоа можеби го направиле нашите предци.

Предание вели дека тука некогаш постоела црква . Населението можеби имало аманет да ја обнови. Според истото предание во 1853 година Петре Здравев сонил сон да ја откопа црквата. И тоа токму на празникот Св. Димитрија !? Затоа што светецот бил борец, заштитник на верата и веројатно така бил избран како светец кој треба да даде поттик за борба на населението против турската власт. Затоа и црквата и манaстирот веројатно го добиле неговото име. Но, велешани го направиле само манастирот со конаците, пондилата, кујната, магацините и ѕидовите, а црквата веќе постоела и требале само да ја поправат.

Така манастирот е започнат со градба 1853 и завршен во 1955 г. Црквата е многу постара од манастирот, кој се разбира никогаш не бил закопан во земја!
Но тој , Петре Здравев , ниту бил писмен, ниту можел сам да превземе некаква активност пред турските власти. Во негово име тоа го сториле богатите и моќни велешки трговци како Хаџи Јанко Кушев , Давче Богданов, Хаџи Ѓорѓи Дрндар и други.

Да појасниме, 1853 година е година кога велешките трговци веќе масовно тргувале со гемиите до Солун. Тие за неверојатно кратко време имале финансиска моќ а дел од своето богатство го подариле во подигање на верски објекти. Моќта на рушветот добро ја познавале и лесно било да се добие изим од турските власти за реновирање на манастирската црква. Тие се повикале на Ѓулханскиот хатишериф од 1839 година каде била изедначена рајата со турското население. Рајата добила некои права, пред се за подигање на верски објекти.

Фактот што оваа црква била подалеку од градот Велес (тогаш Ќупурли), допринел полесно да добијат дозвола за градење. Според некои кажувања, црквата била само до половина насипана со земја и камења. За тоа има и второ предание. Имено, ако ја погледнете сликата на црквата, ќе видите дека некаде до половина ѕидовите се варосани! Тоа потврдува дека црквата всушност до тука била затрупана со земја и камења од одронот, па се варосувала за да се одстрани на тој начин влагата од ѕидот и темелите. Кровот и кровната конструкција била потполно обновена, како и животопишувањето .

Во тоа време земјиштето каде се наоѓа сега манастирот “Св.Димитрија“, била долги години нива на еден турски бег, кој ја давал да ја работат надничари. Тој знаел за црквата , но забранувал таму да се вршат било какви верски обреди. Кога до него стигнале сознанијата дека токму на тоа место се носат и оставаат дарови за Богородица тој го удоволил барањето на нашите предци да ја откупат нивата и да градат манастир.

На крај, нешто и за зографот чие име е запишано на јужната страна на црквата.

Всушност, вистинското име на зографот на ова црква не е Хаџи Косте, туку Костадин Крстев. Хаџи Косте, како некои го нарекувале, е многу харизматична личност, школувана од својот богат татко во Париз. Костадин бил син на познатиот велешки трговец Крсте Поп Трајанович. Тој се школувал во Париз, веројатно сликарство.

Костадин донел во Велес фото апарат само 16 години откога тој е пуштен во продажба во Европа,според истражувањата на велешкиот хроничар Никифор Смилевски . Сигурно апаратот чинел многу пари, но факт е дека не постои ниту една позната фотографија од Костадин.

Неговите фотографии, кои за жал не се сочувани, се првите фотографии направени од македонски фотограф на територијата на Велес. Интересно е што тогашните фотографи сами ги изработувале своите фотографии, најчесто на стаклени плочи премачкани со фото емулзија.

Тој е поврзан со обновувањето на оваа црква затоа што на јужниот ѕид на црквата , во средина на ѕидот стои плоча со натпис : „ Оваa црква е обновена во 1855 г од Аџи Косте, зуграф и фотограф “. Зборот фотограф, со значење на занает , за прв пат е употребен на овој натпис.

Неговите современици запишале дека при изработка на иконата Св.Кирил и Методиј во црквата Св.вм.Пантелејмон во Велес, Аџи Косте ликовите ги цртал гледајќи ги од фотографија која тој ја направил. Тоа било во далечната 1868 година.

За жал неговото име засега е оставено во втор план кога станува збор за фотографирањето и фотографијата во Велес, но и пошироко во Македонија. За Аџи Косте е познато дека бил на аџилак на Хилендар и дека ја фрескоживотопишал црквата во село Богословец. Се споменува дека можеби и тој го прифатил масонството, а на крај умрел сам и во беда.

Од тоа време постои, исто така, еден документ испратен од тогашен Ќупурли до Портата во Стамбол, во кој се бара одржување на народни веселби, со песни и ора, но само во рамните на манастирските ѕидови. Во турскиот одговор изричито е нагласено дека „ се дозволува пеење и играње на песни и игри на рајата, но само во рамките на манастирскиот двор“. Во манастирот, дворот бил заштитена оаза и затоа отсекогаш тука се одржувале панаѓури, се играло оро и се пееле народните песни, односно се негувала верата, македонската традиција и култура.

пишува, велешкиот истражувач Љупчо Данов

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด