Технолошко техничкиот факултет во Велес промовираше 24 нови дипломци и шесмина магистранти
Дваесет и четирите дипломци ,од двете студиски програми прехрамбена и биотехнологија како и нутриционисти, на Технолошко техничкиот факултет во Велес денеска ги добија дипломите. На свеченоста беа промовирани и шестемина магистри од едногодишната програма за нутриционизам,двогодишна нутриционизам и едногодишната управување со квалитет и безбедност со храна. На Факултетот, исто така, се одржа и првиот час за магистерски студии на истите студиски програми на кои се запишани 12 студенти. Денеска на Факултетот се одржа и првиот час за шестемина докторанти, тројца домашни и исто толкав број од странство.
– Ние минатата учебна година, 2016/17, започнавме за прв пат со запишан само еден студент за годинава да запишеме шест студенти. Првите докторанти на Факултетот ќе ги имаме за две до три години. Тројца од нив, кои се од Македонија се наши магистранти, значи магистрирале на нашиот Факултет и тие себе си се гледаат како истражувачи на нутрицистичко поле. Тие можат да се вработат и како доценти на факултетите во државата. Студентите пак кој што се странци за нив ќе кажам дека се вработени во одредени институции па целта им е да го заокружат своето звање. Како асистенти потребни се само магистерски студии а за професорското работно место потребни се докторски студии. Исто така тие можат да си формираат свои приватни советодавни фирми, рече Декан Валентина Павлова.
На Технолошко техничкиот факултет во Велес се образуваат и студенти од Србија и Албанија со стипендии од Министерството за образование на Република Македонија. /У.Ј