Возете внимателно, наутро и навечер, се појавија првите голомразици на коловозот, апелира СВР Велес
Ниските температури наутрово и навечер, деновиве, ги создадоа првите голомразица на патиштата во државата. Токму тие беа причина вчера утро да се случат повеќе сообраќајни незгоди на автопатот Неготино – Велес. Поточно на овој дел од автопатот три возила се извртија во возење на мостот кај Стоби, едно возило после наплатната станица „Градско“ и едно возило на регионалниот пат Кавадарци – Неготино.
Сите незгоди се настанати поради подмрзнување на патот и неприлагодена брзина на движење на возилата и за среќа завршија само со причинета материјална штета.
Од Секторот за внатрешни работи во Велес апелираат до возачите за зголемена внимателност при управување на нивните возила и прилагодување на брзината според условите и состојбата на патот. Тоа е особено значајно во утринските часови кога има подмрзнување на мостовите и осојните места.
Овој апел секако дека треба да ги поттикне и вработените во ЈП „Македонија пат“ на почести контрли и фрлања на ризла на осојничавите места на патните правци во државата.
Инаку здравствената состојба на момчињата Б.Д (18), К.К.(18) и Ф.К (18) кои настрадаа во сообраќајната несреќа на улицата „Алексо Демниевски“ е подобра. Тие закрепнуваат а нивните скршеници на рацете и нозете заздравуваат, рече декенска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Затоа е потребно и возачите низ градските улици да ја прилагодат брзината на возење според условите на коловозот, да не ги управуваат автомобилите кога се под дејство на алкохол и особено да внимаваат тие да ја имаат контролата врз возилото а не возилото врз нив./У.Ј