Горат Коледарските огнови и одекнуваат мрсни-еротски песни од маалата и сокаците во Велес
Велешани ги запалија традиционалните Коледарски огнови и вечерва се собраа околу нив. Во сите делови на градот е исто. Соседите, пријателите, роднините, семејствата седнаа покрај пламенот. Повеќето од нив грет ракија или вино. Има и мезе во изобилство, од традиционалната туршија до печено месо.
Коледе на Којник
Музика и песни се слушаат од сите делови на градот. Атмосверата ја надополнуваат и децата, најмладите велешанчиња кои пеат песни и ги чекаат колачињата што пред полноќ ги печат повозрсните домаќинки. Потоа децата заминуваат на спиење бидејќи рано утринава треба како Коледари да ги посетат домовите на велешани. Најголем дел од возрасните велат дека се во план да го дочекаат утрото на Бадник.
Коледе во Дворови
Граѓаните ги почитуваат апелите и не палат големи огнови. Во огнот додаваат исклучиво дрва се со цел да не се загадува дополнително воздухот во Велес. Единствено треба да го испочитуваат и апелот да не останат до рано утро покрај Коледарските огнови.
Коледе позади Свиларска зграда
Низ Велес се пеат и еротските песни како „Јанко петел јаваше“, „Баба оди по Бабуна Боса“, „Печи, печи сирење“, „Матен вардар дотече“, „Коледица, вртулица“, „Пали оган, смеј се“, „Крц, крц лубеница“.
Овие песни се пеат само во велешко и само оваа ноќ, на Коледе.
Еве дел од текстовите на коледарските или еротски песни:
Печи , печи сирење
„Печи, печи сирење, На врба му корење, Чур п*чка мириса, Летна пи*ка да бега. Оди моме друмови, Ја сретнале дрвари: Ој, мори п*чко крваво, Каде ќе се криеме, Под бога сенице, Стамбол седеше, Бела книга пишеше, Пи*ката си ја бришеше.“
Коледе на Бузаана
Песни:
Матен Вардар.
„Матен Вардар дотече, Сандак п*чки довлече. Сите беа стрижени. Само една не беше, И таа се е*еше.“
.Коледица, вртулица
„Коледица вртулица, Врти пи*ка на полица“.
Пали оган
„Пали огин, греј се, Гледај пи*ка, смеј се.“
Крц, крц лубеница
Крц, крц лубеница, На Јанкова воденица. Јанко петел јаваше, К*рот му се маваше. Две жени го гледаа, Гологлави бегаа. Одоздола идат три жени,
Со пи*ките стрижени. Јанковица викна, Јанко и го пи*на.
Баба оди по Бабуна боса, боооса. Ја апнала за пичката ооса, ооса. Дури дедо дотрча, На баба и отече. На дедо му рипна, На баба и го пикна.
Сонцето зајде, Ку*от пи*ка најде. Пи*ка вели: болна сум! Ку*рот вели: доктор сум.