Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Првата препорака што стигна до институциите и архитектите во Вардарски регион од францускиот архитект и експерт за заштита на архитектонско наследство Клод Ешвалд од областа Долна Рајна е неодложната заштита на старите куќи во Велес кои според него освен што пленат со екстравагантност од една веќе од друга страна воодушевуваат затоа што ја содржат автентичнатат староградска велешка архитектура.

- Тоа е прво и најважно што би сакал да го порачам на градот Велес, рече Ешвалд .

Имајќи можност да го разгледа селото Богомила, како најголемо во областа Азот, и притоа да не ги испушти од вид старите, дотраени куќи во распаѓање, што се наоѓаат скоро сред село овој француски експерт констатираше дека нивната местоположба секако дека ќе биде повод за негово второ доаѓање во Македонија но, во приватна режија. Во краткиот разговор со него сепак поита да даде свои првични сугестии и насоки како тие куќи да добијат нов лик и да бидат искористени од туристите што секако кога би ја посетиле Македонија би сакале да престојуваат во нив наместо да се сместат во хотел.

- Кога станува збор за селото Богомила таму нештата се многу поинакви. Таму треба да се работи чекор по чекор. Да се одбере куќа што ќе се реновира и паралелно да се работи на образованието на граѓаните за заштита на наследството. Реконструкцијата прво треба да ја прават млади ллуѓе, кои учат средно градежно училиште или студираат Архитектура. Тие во образовниот процес учат како се ревитализираат стари куќи. И средношколците и студентите, на овој начин, ќе го развијат чувството како е да се врати едно такво богатство и на тој начин ќе му дадат многу поголема смисла на концептот на заштита на архитектонското наследство. Така ние во Франција ја развивме свеста, од една страна децата, учениците кои учат во специјални училишта за уметност или за ревитализација на стари објекти се горди на тоа што го прават а од друга страна родителите кога ќе дојдат да видат како нивните деца ревитализрале некоја стара куќа едноставно се восхитени. На тој начин ја развиваме свеста кај луѓето за значењето за заштитата на наследството, рече Ешвалд. Тој додаде:

- Кај нас, во Франција, моделот е таков што на пример кога сакате да реновирате некој голем јавен објект, што има 600 метри квадратни, тогаш од една страна ги ангажираме компаниите кои што можат да ја завршат работата. Се распишува тендер за реконструкција на градежни работи на тој објект а од друга страна ги ангажираме учениците од стручните училишта . Така правиме спој на елементи односно од една страна е бизнис секторот а од друга страна образованието и нештата побрзо се придвижуваат, рече Ешвалд.

Посветено и одговорно , како што при посетата на Велес и Богомила не се одвои од фотографскиот апарат, Ешвалд соопшти дека ќе испрати примери од Франција, поточно од Алзас и регионот Долна Рајна, кои ќе можат да послужат на македонскте институции, заинтересирани ученци, студенти и дипломирани архитекти да ги разгледаат. Ешвалд зборувајќи за впечатоците од Богомила даде неколку сугестии:

- И она што прво треба да направи е да започне од мали нешта како во Богомила каде ќе се одбере една куќа и ќе се види што може да се направи само со таа куќа. Не се фокусирајте веднаш на големи и на повеќе нешта. Истото би ви го препорачал и за градот Велес. Изберете една куќа која е во лоша состојба и почнете да работите со средношколците. Кога ќе видат родителите што работат нивните деца ќе покажат интерес и на тој начин во самиот дел каде се работи ќе започне да се подигнува свеста за заштита на архитектонското наследство . Исто така, она што ние го правиме и е многу важно, во викендите кога ќе се заврши објектот, во една сабота да го отворите за јавноста за да можат сите граѓани да влезат, да го видат, за да учествуваат во промоцијата на архитектонскотот наследство, рече Ешвалд.

Според овој француски експерт она што е многу важно, прво и суштинско е образованието. Второ што исто така е значајно и треба да се работи е на институционално ниво поточно заштита што треба да биде дел од еден заеднички систем на општината со училиштата и тоа мора да биде последователно, значи чекор по чекор.

- Јас мислам дека за две до три години вие ќе ги видите првите резултати . Притоа треба да направите добар спој помеѓу старото и новото. Видовме дека има многу објекти . Но, новите треба да бидат усогласени со старите објекти и треба да внимавате на енергетската ефикасност . Видов дека на едни објекти имате климатизери, на други електични инсталации па затоа ќе ви препорачам да бидете внимателни, да ги користите најдобрите природни материјали кои можат да обезбедат енергетска ефикасност и изолација на објектот и при тоа да не трошите толку многу пари за греење, советуваше францускиот експерт Клод Ешвалд

.

С

Сега лидер партнерот од македонска страна , Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ заедно со Општина Велес ги подготвуваат сопствените и ги очекуваат приоритетите на понатамошната соработка со граѓанската Асоцијација „Алма“ од Алзас која во Вардарски регион на почеткот на месец декември во Велес ги донесе експертите Катрин Гисберк, за рурален туризам и Клод Ешвалд, за заштита на културно наследство . Тие ќе бидат основа за подготовка на проектите за 2018 година со кои ќе се конкурира на европските повици за обезбедување на финансиски поддршки. /У.Ј

Поврзани вести

 

Најново