Велешани, вечерва, организираат хуманитарна акција за помош на светиниколското петчлено семејство Гаврилови
Куп од шут а не дом. Вака изгледа изгорената куќа на петчленото семејство Гаврилово по пожарот што на 3 јануари, годинава проголта се што тие имаа. Пожарот се случи околу 12 и 30 часот во населбата Бараки во Свети Николе. Со цел да му помогнат велешани организираат граѓанска хуманитарна акција „Помош за семејството Гаврилови“ што ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот во Royal Pab со цел да се соберат средства и да му помогнат на ова петчлено семејство од Свети Николе.
Организаторите на акцијата ги покануваат сите хумани граѓани, претпријатија и институции во Велес, секој во согласност со своите можности, да помогне во собирањетио на парични средства за обнова на домот на петчленото семејството Гаврилови. По несреќата семејството остана без покрив на главата бидејќи причинета е и огромна материјална штета.
„Добредојдена е секоја донација која ќе биде од голема помош на опожареното семејство од материјален или финансиски карактер. И Никола Гаврилов е многу хуман човек, има организирано неколку хуманитарни акции и е грижлив татко, сопруг и пријател. Сите граѓани кои имаат желба и можност да донираат средствата можат да ги уплатат на следната жиро сметка, отворена во Стопанска банка АД Скопје со број: 200001787274753 со дознака ,, Гаврилови за донација“. Доколку граѓаните сакаат да однесат било каква донација од нефинансиски карактер кај семејството Гаврилови можат да ја контактирате Јасмина на телефонскиот број 078 309 – 821“, напишаа во соопштението организаторите на вечерашната хуманитарна акција.
Учеството на велешани на граѓанската хуманитарна акција за ова семејство во Royal Pab, кој се наоѓа на улица „Гоце Делчев“ бр 24 во Велес, под зградата на Основен суд, пожелно е да извршат резервации на телефонските броеви 078 – 400 – 963 и 078 – 238 – 851./У.Ј