Маалото „Долни град“ е најстарото и прво засолниште на старите Велешани од Турците
Едно од најмалите маала во Велес, покрај „Jаворче“ од дамнина до денес е маалото „Долни град“. Според историски податоци, ова маало, кое се наоѓа на најјужниот дел на градот, е првото населено место со македонско население во стариот град. По заземањето на тогашен Велес од страна на Турците, што се наоѓал на високиот рид над реките Тополка од една и Вардар од друга страна, првите велешани кои го напуштиле стариот град , засолниште нашле најнапред во маалото „Долни град“, па во маалото „Долни Дуќани“, а подоцна и во близина на мостот покрај кој Турците имале изградено населба.
Кога точно се населило македонско население во ова маало не се знае. Само познато е дека пред повеќе од 350 години во Велес, крстен од Турците со име Ќупурли, после мостот имало многу малку Христијани. Главното засолниште, каде што си изградиле куќи, им било маалото „Долни град“, кое име останало со векови. Според некои турски документи на почетокот на 17 век преселувањето на македонското население било масовно и во 1750 година велешкиот Владика живеел во стариот град.
Трагите од првите куќи во „Долни град“ одамна се избришани. Меѓутоа, засекогаш ,од поколение на поколение, се пренесувале имињата на семејствата. Со помош на Ѓорѓи Мечалов, чии корени потекнуваат од маалото „Долни град“, ги забележавме најстарите семејства во овој дел на Велес.
Во „Долни град“ меѓу старите семејства живееле Благој и Ратка Крајчеви. Благој и Ратка имале куп деца Цвета, Коле,Горе, Русе, Анета, Баже, Биле, Влатче и Љупче. До нив свој дом имале Ордан и Марија Мечалови со децата Трајче и Ѓорѓи. Трајче се оженил за Николина, а Ѓорѓи за Марија. Трајче имал два сина Орданче и Звонко, а Ѓорѓи две ќерки Грозданка и Татјана. Веднаш до нив живееле Трајко и Марика Бојаџиеви со децата Никола, Павлина , Зоран, Марија, Тања, Трајче, Антонио, Стојанче и Боби, а до нив семејството на Ристо и Добрила Наjдови со децата Дијана, Љубе, Дарко и Ристе. Меѓу најстарите е и семејството на Димче и Ратка Маскарови со децата Илија и Благојка, потоа на Орце и Павлина Георгиеви со децата Борче и Аце, па на Ѓорѓи и Александра Георгиеви со ќерките Марионка, Јадранка, на Трајко и Зорка Цветкови со децата Тодорка, Благој, Нада, Панче и семејството на Петре и Благица Чоневи со децата Никола, Николина, Петре и Ружица. Свој дом до нив имале Марија и Петре Ѓошеви со децата Живко, Ристе,Панче и Данче, а веднаш до нив живееле Богдан и Руса Чочеви со децата Ангел, Петрана, Павлина.
Таму свој дом имале и Илија и Слоботка Јосифови со децата Никола, Магда и Василка, потоа Ѓорѓи и Цвета Митреви со децата Јове и Крумче, потоа Круме и Цвета Гравчеви со децата Павле, Драгица и Соња, па Игно и Трајанка Габови со децата Петре и Благојка, а до нив живееле Вељо и Магда Дончеви со децата Јове, Моне и Драган.
На почетокот во редот со куќи под карпите во „Долни град“, живеело и семејството на Стојан и Спасена Тоцинови со децата Васил и Нада.
Во долниот дел на маалото живееле Ристо и Магда Тодорови со децата Роберт и Цветанка , па Коле и Славка Мердеви со ќерката Елена, потоа Благој и Светла Мердеви со ќерката Емилија и на крајот била куќата на доаенот на велешкото глумиште, актерот Благој – Руски и Лена Анчеви со синовите Димко и Милчо.
Доколку имаме испуштено некој од жителите од маалото „Долни град“ бараме соработка од вас почитувани читатели преку контактот со редакцијата на порталот Дума.мк.
Стоилко Андреевски