Пожар проголта покрив и зафати кат од куќа на петчлено велешко семејство
Пожарот избувнал утрово, околу 04.45 часот, во семејната куќа на Н.Н на ул. „Павел Шатев“ во Велес. Пламените јазици за кратко време го проголтале кровот заедно со дел од покуќнината, претежно техничка опрема и еден преграден ѕид. Штетата е стопроцентна на покривот додека на катот околу 70 отсто вели семејството кое сеуште е во шок од несреќата што им се случила рано утринава. Тие засега можат да живеат во приземниот дел на куќата. Сите петмина во простор од 32 м2.
– Не е доволно но ќе се снаоѓаме, рекоа од семејството. Иако не бараат очигледно е дека им треба помош.
Среќа во целата несреќа е што во пожарот нема повредени членови на семејството. Ним засега не им се познати причините кои го предизвикале огнот. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица пожарот бил изгаснат.
Од СВР Велес соопштија дека превзеле мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот. /У.Ј