Се одрони карпа и урна ѕид на куќа на улицата „Коле Цветков„ во Велес
Објавено на 5 февруари, 2018 во 11:02
За среќа нема повредени во несреќата. Одрон од карпа и земја урна ѕид од куќа во Велес што се наоѓа на улицата „Коле Цветков“ бр 121 сопственост на велешанецот шеесетгодишниот Д.К. делот од карпата се откинала и паднала врз куќата, вчера околу 14 часот кога во куќата се наоѓале тој и неговата сопруга. За среќа нема повредени во несреќата.
Зафатен и урнат е еден ѕид од задниот дел од куќата. Станува збор за големо парче карпа што не може едноставно да се отстрани. Тоа ќе треба да се крши.
Случката е пријавена во СВР Велес и во Центарот за управување со кризи./У.Ј