Вандали повторно го сардисале Младински и паркот пред училиштето „Васил Главинов“
Се што им дошло при рака на вандалите викендов од урбаната опрема поставена во овие два парка кршеле, откорнале и расфрлале. Глетката што вчера ја затекнале градските комуналци на посочените локации е сторена изминатиот викенд.
Во паркот пред училиштето „Васил Главинов“ е сатанизиран летниковецот поточно неговата дрвена ограда, клупите потоа малите дрвени столчиња поставени на неколку места , корпите за отпадоци се откорнати а на местата каде не успеале во намерата ги искривиле.
Искинати се оградните синџири и свиткани железните столбчиња со кои се оградувани делови од тревниците во паркот и околу фонтаната.
Вакво вндалство во исто време се случило и во Младински парк во Велес. Неодговорни граѓани го уништиле летниковецот пред објектот на културно уметничките друштва во Велес. По истиот редослед како и во претходниот парк.
JКП „Дервен“ денеска ги пријавил вандалствата во СВР Велес. Направен е записник и полицијата ќе започне да ги бара вандалите.
Во исто време стигнуваат фотографии и од граѓани кои говорат за уништени детски реквизити во паркот пред зградата на Центарот за социјални работи.
Тие бараат да се стави крај на уништувањето на добрата во локалната заедница кои се купени за граѓаните од нивни пари. Исто така граѓаните бараат да започне процес на ревоспитување на најмладите сограѓани, кон кои го вперија прстот, од едукации за нивните родители кои, за жал, не практикуваат градење на личности преку домашно воспитување што би требало да продолжи низ образовниот процес во кои е запоставена воспитната цел за да се дојде до општествената одговорност која во вакви и слични ситуации треба да резултира со откривање на сторителите и изрекување на парични казни како мерка за заштита на веќе потрошени средства од касата на градот. А таа се полни со народни пари./У.Ј