Ниедна од 42 локални депонии во Македонија не поседува интегрирана еколошка дозвола и не ги исполнува законските стандарди
Државата располага со 42 општински депонии за отпадот додека само 14 од нив користат регионални депонии. Според државениот советник во Канцеларијата на Народниот правобранител Нико Бојаџиев кој се повика на податоците од истражувањето за депонирање и управување на отпадот во 2016 година што го подготвил нивен тим само 19 општини во земјава вршат делумно селектирање на отпадот.
-Загрижува податокот што голем дел од Општините во земјава скоро и да не посветуваат никакво внимание за заштита на животната средина и заштита на здравјето на луѓето.Во најголем дел од селските – рурални населби сметот не’ се собира и истиот се расфрла насекаде. Затоа диви депонии никнуваа насекаде покрај патиштата,шумите,плажите,реките и буквално насекаде каде што им одговара во нивна непосредна близина,а без почитување на законот,потенцира Бојаџиев.
Со години наназад државата преку своите институции не посветува доволно внимание и не превзема конкретни мерки за зачувување и унапредување на животната средина констатира Народниот правобранител Иџет Мемети. Тој потенцираше дека држвата има правната рамка со која се регулира оваа сфера како и националното законодавство усогласено со законодавството на Европската Унија.
–
– Има закон но во пракса истиот не се спроведува поради недоволната совест на тие што треба да го спроведуваат законот .Поради тоа им порачувам на надлежните во земјава сериозно да пристапат кон квалитетно спроведување на прописите.Истовремено без одлагање да пристапат кон изградба на прописни Регионални депонии според сите стандарди заради остварување на правото на граѓаните за живот во здрава животна средина, порача Мемети.
Според резултатите на истражувачкиот тим на Народниот правобранител Националниот план за управување со отпад предвидува затворање на сите постоечки и отворање на најсовремени Регионални депони, согласно ЕУ стандардите за складирање и управување на отпад. Тие треба да понудат рециклирање на отпадот од кои голем дел ќе се користи за добивање на енергија.
Проектот ја доби поддршката на Амбасадата на Кралството Холандија. Н.Е Амбасадорот Воутер Пломп обраќајки им се на присутните рече дека најголем дел, дури 98 отсто од отпадот во Холандија се рециклира,а само минимални 2 посто се депонираат на најсовремени депониите во земјата. Таа е земја со 50 годишно искуство за рециклирање и правилно складирање на отпадот.
Според него проблемот со цврстиот отпад и депониите во Македонија е реален проблем за многу граѓани чие решение треба да е брзо со помош и поддршка од Холандија.
-Мислам дела луѓето во Македонија заслужуваат решенија на овој проблем и мислам дека имаше конзензис на присутните дека ова е проблем во однос на човековите права, а луѓето имаат право да живеат во чиста животна средина.Меѓутоа тоа е комплициран проблем кој може да се реши со заеднички пристап на централните институции,Министерството за живиотна средина и градоначалниците,директорите на комуналните претпријатија коишто работат со отпадот и со нашата Холандската вклученост и помош од нашите искуства, рече Амбасадорот Пломп.
Освен Дрисла во Македонија не постои друга депонија која ги задоволува стандардите за селектирање и депонирање на отпад согласно со Законот за управување со отпад, рече Јадранка Иванова, раковителен на секторот за ЕУ при МЖСПП.
-Во новите регионални депонии се’ ќе биде направено според ЕУ стандардите и најмал исцедок нема да продира во почвата и нема да има никакво загадување на подземните води и земјиштето.Отпадот соодветно ќе се селектира ќе се вадат корисните фракции и тоа што останува на крај ќе се депонира.Не станува збор за класична депонија кои денес ги гледаме туку станува збор за еден многу современ систем .Најблиску до изградба на овој систем од осум региони во земјава сега се два региони:Источниот и Североисточниот регион, а со кој работиме повеќе години и тие веќе имаат обезбедено средства во рамките на ИПА 2.Тоа се околу 39 милиони евра и оваа година и треба да почне проектот со јавните набавки и да започне со изградба на самите депонии,а најпрво и со набавка на возила и контејнери на сите комунални претпријатија кои се вклучени во овие региони,а Општина Свети Николе иако припаѓа на Вардарскиот се приклучи кон Источниот и Североисточниот регион,појасни Иванова.
Градоначалниците во дискусијата на оваа јавна расправа побараа од државата уште еднаш да се преиспитаат понудените локации за изградба на Регионални депонии./У.Ј