Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Велешката е една од шесте општини што доби грант за подобрување на капацитетите на Советот на општината во како и за развивање на алатки за транспарентно и отчетно работење. Втора општина од Вардарски регион е Свети Николе. Освен нив ваков грант добија и општините Струмица, Вландово, Чаир и Охрид.

Градоначалниците , во присуство на министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, министерот за финансии Драган Тевдовски , амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Техада и постојаната претставничка на УНДП, Луиза Винтон денеска потпишаа Меморандуми за соработка, во рамките на Проектот за зајакнување на општинските совети.

- Овој проект се реализира во време кога им е најпотребен на членовите на општинските совети, на почетокот на мандатот. Значаен е затоа што за прв пат е посветено сериозно внимание на Советот на општината, орган, кој што има исклучителна улога како контролен механизам на работата на градоначалникот, но и за развојот на локалната демократија, преку претставување на интересите на граѓаните, во консултација со граѓаните, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

Покрај обуките на членовите на советите, проектот обезбедува грантови во вредност од 50 000 долари за секоја општина, за реализација на проекти кои што ќе бидат одбрани во консултација со граѓаните. Исто така се обезбедени и грантови во вредност од 12 000 долари за општина, за развивање на алатки за транспарентно и отчетно работење.

- Нашето мото е Министерство отворено за општините и општини отворени за граѓаните. На локално ниво се градат основните демократски вредности, локалната демократија е услов за градење на демократско општество. Токму затоа членовите на советите треба да се луѓе кои што се отворени кон граѓаните со разбирање на сопствената улога во системот на управување и со информации кои што ќе им помогнат да ја вршат својата функција на одговорен и транспарентен начин, рече министерот Фазлиу.

Во првата фаза од Проектот, финансиран од Швајцарската Влада, во имплементација на УНДП, се опфатени шест а до крајот вкупно 24 општини./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново