In memoriam: Почина новинарот Кире Зографски
На педесет и девет години деновиве во Велес почина новинарот Кире Зографски. Основно и средно образование завршува во Велес како и Интердисциплинарни студии по новинарство во Скопје. Кире Зографски беше студент на првата генерација на студенти по новинарство на УКИМ.
Зографски додека студираше беше соработник на повеќе весници и на МТВ каде подготвуваше документарни прилози од областа на културата. Сепак љубовта кон родниот град беше причина да се врати во Велес кога се вработува како новинар во јавното локално гласило „Вардарски глас“.
Тој подолго време работеше и како стручно политички работник во тогашниот Социјалистички сојуз за потоа да се посвети на фамилијарниот занает како наследник на татка си Зоран Зографски.
Кире Зографски беше сопруг и татко на две деца како и голем пријател. Посмртните останки на Зографски беа погребани во семејната гробница во црквата Свети Пантелејмон во Велес./У.Ј