Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Шесто и деветнаесет нови лица во Велес заболени од дијабет се евидентирани во годишниот Извештај на Центарот за јавно здравје во 2017 во споредба со претходната година. Во оваа бројка се наоѓаат граѓаните што користат таблетарна, инсулинска терапија или со дијагноза дијабетес мелетус. Тоа значи 10, 40 отсто нови заболени граѓани на територијата на општината во која има вкупно 6.456 лица со дијабет. Најголем дел од нив 2241 се на возраст од 55 до 64 години и 2091 на возраст помеѓу 64 и 71 година. Она што е поразително според Здружението „Шеќерче Лилипоп“ се новоевидентираните деца.

- Читајки ги и споредувајки ги бројките во овој извештај за мене е поразителна бројката на осумте нови деца на возраст од нула до 19 години како и рапидниот број од 555 нови лица во градот од кои жени се 290, рече претседателот Димче Велев.

Тој додаде дека бројките предизвикуваат здружението да биде погласно во делот на обезбедување на финансиски средства што ќе се наменат за превенција на болеста и едукацијата на граѓаните за спречување на рапидното ширење во градот. Бидејќи болеста гледано низ бројки и проценти расне во цел свет а Македонија е во категоријата на земјите во развој со над 10 отсто на годишно ниво според податоците на Светската Федерација за дијабетес тогаш тоа што треба да се направи итно и неодложно е да се користат решенијата барем од соседните земји, констатира Велев.

- Да се воведат новите иновативни инсулини, да се зголемат правата на пациентите со тоа што на секој новоевидентиран дијабетичар му даваат апаратче, глукометар, за мерење на шеќерот во крвта, на пациентите со слепило како последица од дијабетесот да им се купат говорни апаратчиња што како пример го има во соседна Србија, да децата да се воведат новите технологии на дигитално мерење на шеќерот во крвта што значи дека тие нема секој ден да се боцкаат туку со поставување на лепенка со сензорскиот читач ќе им покаже колку изнесува дневното ниво па потребата од боцкање ќе се појави можеби до три пати во месецот, рече Велев.

Ова граѓанско здружение како неопходна превентивна мерка што ќе ја превземе ќе биде и едукација на учениците како и на наставниците во училиштата во градот. Првите да ги едуцира како да го сменат начинот на исхрана, да не пијат кафе и енергетски пијалоци а вторите како да постапат при состојба кога во моментот шеќерот во крвта на ученикот се покачил. Значајна категорија ќе бидат и семејствата на лицата со дијабет, особено ако во нив има дете додека од државата ќе бараат да се зголемат финансиските средства во здравствената програма.
Според сознанијата на здружението состојбата е подеднакво актуелна и во руралните средини како што се Лозово, Градско и Чашка./У.Ј

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.