Изгаснат пожарот во старите „Мензи на Пелагонија“
Објавено на 22 февруари, 2018 во 15:25
Се запали ѓубрето во старата зграда викана „Мензите на Пелагонија“ спроти Касарната во Велес. Пожарот го пријавија граѓани кои живеат во околните згради во 14.23 минути. Пет пожарникари со две противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарот.
Според информации на Центарот за управување со кризи пожарот бил изгаснат во 15 часот. Објектот има приватен сопственик откако пред неколку години беше продаден./У.Ј