УСАИД им дава можност на малите и средни претпријатија да пронаоѓаат локални добавувачи
Развој на приватните фирми во внатрешноста на државата , зголемување на приходи и отворање на нови работни места е цел на најновиот проект на УСАИД што започна пред четири месеци во Македонија. Проектот содржи три типа на активности да се развива приватниот сектор во локалната заедница преку бизнис здруженија, кластери или занаетчиски работилници со тоа што ќе може да се градат нивните капацитети за да им помагаат на фирмите корисници на грантовски средства, по завршување на проектите, да продолжат со работа без поддршка од донаторите. Бидејќи е многу значаен пристапот до финансиските средства во втора компонента, овој проект, нуди можност за помош во развојот на фирмата преку користење на консултантски услуги за да биде информирана за се она што се нуди на пазарот на финансии освен кредитните линии кои комерцијалните банки по дифолт ги нудат.
Проектот нуди на располагање користење на консултантски услуги од околу 30 консултанти. Третата компонента на проектот всушност овозможува донаторот и приватниот сектор да овозможат поголема соработка со малите добавувачи.
– Да се работи што е можно повеќе со локалните добавувачи наместо да се увезува од странство. Формиран е Фонд на средства што може да се мечираат со фондовите на водечките компании кои што имаат идеја како да се подобри нивниот локален синџир на добавувачи. Само ќе посочам пример за да знаете во која насока се оди. Имаме фирми кои сакаат на своите локални добавувачи да им помогнат да воведат сертификати кои ги бара купувачот во Германија а истите не можат сами да се сертифицираат. Со наша помош студенти од Машински факултет ќе помогнат на фирмата Раде Кончар во делот на прототипирање на одредени потреби а најдобрите кои ќе победат на натпреваарот ќе бидат вработени во фирмата и притоа додека прототипираат ќе го осознаат процесот на производство. Во земјоделството пак имаме големи консолидатори кои во производството бараат повеќе кооперанти кои што одгледуваат на пример, аронија, рече Мирјана Македонска директор на проектот на УСАИД за поддршка на деловн еко систем.
Македонска проектот го промовираше пред бизнисмените во Велес. Дообјасни дека тој има за цел да ги доразвива фирмите во внатрешноста на државата со тоа што ќе ги насочи набавките на потребните репроматеријали наместо од странство да ги вршат од домашни мали и средни компании, занаетчиски работилници или занаетчии кои произведуваат но досега тие за нив не знаеле иако работат во иста или соседна општина.
Засега велешки Брако покажал интерес како да дојде до локалн добавувачи за кои фирмата нема информации или пак има но тие не се од профилот што иму е потребен.
Златко Леов од „Леов компани“ ја поддржа ваквата инцијатива на УСАД иако рече дека во производството тие се орјентирани кон набавки на репроматеријали од странство бидејки дома нема добавувачи од кои би можеле да набавуваат за потребите на нивните бојлери.
– Сепак доколку се идентификуваат преку овој проект тогаш тоа дефинитивно би значело дека ќе се отворат поголем број на работни места преку отворање на мали, микро и средни претпријатија кои што ќе можат не само Леов компани да ја опслужат затоа што во Македонија има и многу поголеми од неа и така ќе заживее локалната и државната економија, рече Леов.
Овој проект дава можност на сите мали и средни претпријатија во општина Велес да се вклучат бидејќи зад него стои финансиска поддршка што преку едукација ќе им овозможи да создадат добра претприемачка клима, смета Љупчо Вчков Проф.др на економски науки.
– Малите компании, така како што се поставени, имат постојано потреба од кадар што не можат да го обезбедат а проектот им нуди преку свот анализа да ги идентификуват своите потреби и недостатоци. Тука се и консултантските услуги што даваат убава можност да се инвестира во развојот на компаниите, рече Вчков.
Од УСАИД рекоа дека се отворени за соработка и за посета на секоја фирма што ке се пронајде во една од трите компоненти на проектот. /У.Ј