Почивај во мир поетесо и вечна ти слава!
Современата македонска книжевност, од втори март, 2018 година, веќе никогаш нема да биде иста. Изгуби еден голем автор, една голема поетеса, но пред се’ еден голем човек – Павлина Климкар Меанџиева. И не само книжевноста, изгуби и Велес, изгуби и Македонија. Павлина замина, онака како што и живееше, тивко и ненаметливо, но оставајќи на секој од нас неизбришлива трага на човечност, насмевка, добар збор и моќен стих. Нејзините песни се нејзиниот аманет кој ни го остава на сите нас.
Павлина Климкар Меанџиева е родена во 1949 година. Автор е на стихозбирките: „Тивнеења“ во 1976 година, „Неразделности“ во 1978,„Ораница“ во 1983,„Тишина што се слуша“ 1991 и „Кралица на гревот“ 1991 година,„Бршлен“ во 1992,„Зол трн непремолк“ 1992,„Жежок ветер“ 1993,„Голтач на огнови“ во 1994 година,„Од дневникот пред изгорување“ 1995 година,„Кралица на гревот“-второ проширено издание во 1996 година. Следат: „Македонска вертикала“ во 1997,„Уста полна светлина“ во 1997, „Цунами“ во 1999 година,„Чудна случка“- сликовница за деца во 1999 година,„Најазмо“ во 2001,„Vasiloanjea-a marrtiljei“-љубовна поезија преведена на влашки јазик во 2002 година, „Дијадема“ во 2003,„Во меѓувреме“ во 2005,„Ѕвездени патеки“-поезија за деца од 2005 година, „Школки“ во 2006, „Одблесоци“ во 2009 „Метузалем“ во 2012 „Наспроти ветрот“ во 2013 и „Седефна кутија“ во 2014 година и „Трето око“ во 2017.
Добитник е и на Деветоноемвриска плакета”- од општина Велес, признание-плакета за најдобра издадена книга во тековната година – од друштво на писатели на Македонија, наградата за животно дело “Гемиџии” – највисокото признание од градот Велес, а последното признание кое го доби, беше она за животно дело од клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес.
Погребот на посмртните останки на Павлина Климкар Меанџиева ќе се извршаи денеска на гробиштата во црквата Свети Спас во 14 часот.
Почивај во мир поетесо и вечна ти слава!