Расцутија бадемите,кајсиите и сливите во Велес
Објавено на 6 март, 2018 во 16:56
Баба Марта го најави доаѓањето на пролетта. Први се разбудија кокичињата, а потоа сливите, бадемите и касиите. Со својот опоен мирис, кој деновиве се шири во дворовите на куќите и улиците на Којник, Долни пат, Мегдан и во другите маала и блиските ниви, ги разбудија и пчелите кој тргнаа на работа да собираат мед.
Најрадосни за првите знаци дека доаѓа пролетта се најмладите кои се почесто прават прошетки и го вдишуваат опојниот мирис на рацутените бадеми, кајсии, сливи. Зимата си оди, а на нејзино место доаѓа пролетта. На тивкиот пролетен ветер треперат цветовите и ја шират прекрасната миризба. Несопирливо со сета своја убавина ни доаѓа пролетта. /С.А.