Разбојник со нож и се закани на продавачка и ја ограби продавницата „Севдин“ во Велес
Пленот на разбојникот од синоќешното разбојништво што се случи во продавницата „Севдин“ изнесува 25.000 денари. Разбојникот влегол во продавницата „Севдин“ што се наоѓа на улица: „Димитар Влахов“, синоќа,вторник 6 март, околу 20 часот, облечен во црна јакна со капуљача и црн шал преку лицето со нож во раката, ја нападнал продавачката, четириесет и осум годишната А.Д кон која упатил закани по животот за да ја отвори касата од која ги одзел сите пари кои биле во хартиени банкноти.
Разбојникот точно знаел каде стојат хартиените банкноти во касата и штом ги зграбал побегнал во споредната уличка кон угорнината и кон ридот.
Случката била веднаш пријавена во СВР Велес. До пристигнувањето на полициската екипа која направила увид на лице место била повикана и Итната медицинска помош чии лекари и дале потребна помош на преплашената продавачка. Во првичниот увид, како што дознава Дума.мк, откриени се отпечатоци на разбојникот на касата од која ги дрпнал парите и од неговите обувки на самиот влез во продавницата.
Полицијата работи на откривање на идентитетот на разбојникот./У.Ј