Донаторите од програмата МАТРА во посета на Основен суд Велес
Ефектите од поддршката на правосудните институции во Република Македонија која Кралството Холандија во изминатиот период ја реализираше преку проекти во рамки на МАТРА – Програмата за владеење на правото беа тема на работната посета на првиот секретар и регионален координатор за владеење на правото на Кралството Холандија, Дики Метхорст Де Бие и Асистентот за владеење на правото на Холандската Амбасада во Р.Македонија, Ѓакуш Кабаши со Претседателот на судот, Претседателите на Граѓанскиот и Кривичниот судски оддел како и Судскиот администратор. Домаќините пред странскиот експерт и преставникот на Холандската Амбасада во Р.Македонија ги презентираа работата на судот, просторните и технички капацитети за остварување на неговата надлежност, со посебен осврт на реализацијата на неколку проекти за модернизација на судството кои биле спроведени.
На средбата било разговарано за предизвиците со кои велешкиот суд, со проширена надлежност, се соочува во секојдневното работење и биле разменети мислења за насоките во кои е потребно подобрување на условите преку реализација на реформски проекти за зајакнување на капацитетите на судот, како предуслов во обезбедување на судската ефикасност, независност и остварување на начелото на владеење на правото.
Домаќините им искажале благодарност на гостите за досегашната соработка,на размената на искуства, како и очекувањето дека и во иднина ќе продолжи поддршката од Програмата за владеење на правото на Кралството Холандија./У.Ј