Велешкото село Рудник во кое живееле најборбени и најодлучни жители

Објавено на 10 март, 2018 во 17:50

На просторот наречен „Ќучук кол“, што во превод од турски на македонски јазик значи, црница или црна земја, се наоѓаат селата на север и североисток од Велес поточно од вливот на река Пчиња во Таорската клисура и на левиот брег на река Вардар, се до Овчеполието. Тоа е територијата на која жителите ги создале свои домови во Карабуниште, Слп, Еленоводица (Бузалаково), Белештевица, Ветерско, Сопот, Ново Село, Башино (Пашино) Село, Отовица, Рудник, Луганци, Иванковци, Мамутчево, Сујаклари, Кумарино, Новачани, Чолошево. Селата биле претежно рамничарски, од разбиен тип, се до доаѓањето на Турците во овие краишта. За нив е карактеристично што сите се наоѓаат на плодна почва и имаат добри услови за земјоделие и сточарство, со ветрови кои преку цела година дуваат и ја прават климата погодна за живеење. Во оваа област се меша медитеранскиот и континенталниот климатски појас, па микроклимата е погодна за сеење и одгледување на сите видови житни култури, овошје и зеленчук.

Турските имиња на ветровите кои дувале во ова област биле северен ветер или појрас, јужен ветер или каршиел, источен или гиндуси и западен или гимбати.

Најсеверни села на „Ќучук кол“ се Рудник и Иванковци. Тие во воздушна линија се оддалечени само 16 км од Велес, но сепак климата е многу различна. Имено, Велес се наоѓа на надморска висина од 160 метри додека двете села се наоѓаат на 500 метри. Иста надморска висина имаат и селата Ветерско и Карабуниште. Интереснен е податокот што климата во нив е различна, од село до село.

Порано, на пример во Башино Село првиот снег паѓал околу Митровден или првата половина на декември и се задржувал ден или два додека снегот околу Божиќ траел до една недела или седум дена. Ветровите пак кои дувале во селата Рудник и Ветерско, второво и по ветровите го добило името, според стари преданија дознаваме дека во нив порано постоеле 4 ветерни воденици. Во Ветерско дувал западниот ветер наречен „ бел“, кој не бил многу студен и брзо го топел снегот. Но, источниот ветер бил редок. Бил наречен „каочанчанец“ или „ свињодерец“ и бил опасен бидејќи често преминувал во бура. Во Башино село пак дувал југо-западен ветар наречен „раштанец“.

Со доаѓањето на Турците во овој крај селата опустошеле, делумно се разурнати, запалени и ограбени, а многу од нив ја смениле и старата местоположба, а од некои жителите се раселиле. Турците вовеле систем на економски целини наречени чифлици, како дел од феудалниот систем на Османлиската држава. Чифликот бил затворен систем на економија, со кој управувал чифлик-сајбија, а тој под своја власт имал чифчии, селани кои биле зависни од земјата и вршеле земјоделски, сточарски и други занаетчиски или услужни дејности. Тоа биле претежно христијани, а покасно и муслимани. Тие ја обработувале земјата и одгледувале ситен и крупен добиток. Биле заштитени од чифлик сајбијата, кој бил нивни неприкосновен господар. Добивале дел од земјоделските производи и стоката за да се прехранат. За сите прашања во чифликот одлучувал чифлик сајбијата.

За селаните од селото Рудник познато е дека биле многу борбени и одлучни. Тие во најкраток период се осамосталиле од чифлик сајбијата и поедини селани собрале и до 3000 овци. Според преданието чифлик сајбијата се налутил и ги изгонил овие селани од селото но солидарноста што ја имале жителите ја демонстрирале преку масовна преселба во селото Пупљани, а подоцна поради големи зулуми се иселиле во скопското село Летевце каде имале свои бачила. Селото Пупљани било запалено и опустошено во налетот на австриската војска на генералот Пиколомини. Жителите на ова село, како и селото Бела Вода , се раселиле во селата Рудник и Мамутчево, а дел од нив и во сегашното Башино Село.

Во периодот за кој што пишувам, кај селото Бела Вода се наоѓал еден ан, а турските бегови за одмазда поради австриската војска, таму во печката фрлале живи луѓе. Последен жител кој се иселил од селото Пупљани бил човек кој се викал Ѓорѓи чии две ќерки ги грабнал Бег а тој се спротивставил и го убил. Потоа побегнал со фамилијата кон Прилеп.

Постарите жители на селото Рудник велеле дека нивните предци се бореле и против турците, бугарите и арбанасите. Мештаните велат дека тука биле убиени многу Турци по што долго време владеел страв да шетаат и престојуваат во атарот на селото. Подоцна ова село било познато и како комитско село. Во селото постоело училиште во 19 век како и во Башино Село и Слп. Исто така поврзани со селото Рудник се преданијата поврзани со информации кои говорат дела било подигнато на темелите на помал, стар град. Во него постоеле многу богати наоди на мермерни плочи, столбови и делови од статуи. Дел од нив се пренесени во дворот на велешката гимназија и во куќата на Сулејман оџа. Во неговиот двор се наоѓала и голема мермерма рељефна плоча, без натпис.

Професор Вулиќ, кој истражувал во овој крај, сметал дека на местото на селото се наоѓала римската станица Praesidium , поточно на 9 римски миљи од Скупи (Скопје) и била означена и на Пајтингеровата карта, која се смета за најцелисходна карта од римско време. Низ селото сега тече Рудничка река додека порано се споменува дека течел потокот Бучало, кој знаел да надојде и се да поплави, па затоа го нарекле Рудничка река. Поголем дел од селото се простира на левиот брег од реката додека крај патот биле Горна и Долна чешма. Постојат податоци во кои се вели дека во него имало 3 чешми и турска кула сред село и токму таму било и седиштето на „мудурлукот“ за селата Сопот, Ветерско, Лугунци, Иванковци, Чука, Мамутчево, Кумарино, Сујаклари и Отовица. Внатре во селото постоеле места викани Пуплин, Петкови кули, Сирмина ораница, Сребреник, Кушеви кории, Голема страна, Чобаница, Мискиновец, Грабовите, Ралевица, Цер-от , Уши , Јанкова Ричка и Широка рупа. Над нив пределот бил шумски и шумите се наоѓаат на ридовите Црн врв и Бела Земја додека утрините се наоѓаат над Сребреник, Рудник, Китка, Црн врх, Голо Брдо, Голем рид , Уши, Корија.

На десната страна на реката во селото Рудник се простирале Шабановско и Бошковско а на левата Шарковско, Грковско и Манговско маало. Селото го добило името по рудникот Сребреник, каде многу одамна се вадело сребро. Исто така во него порано имало 12 цркви од кои сега се сочувани само пет или барем им се знаат темелите бидејќи селото било два пати палено во почетокот на 20 век. Но, се знае дека и пред тоа низ вековите страдало од Турците. Најголемата црква што таму порано постоела се викала Свети Димитрија, помала била Св. Богородица кај Бурчева ливада. Над неа се наоѓала црквата Свети Ѓорѓи, а на патот за Скопје имало непозната црква чии траги и денеска јасно се гледаат, па црквите Света Петка и Свети Никола , која е многу стара и подигната на темелите на постара црква.

При пробивањето на патот кај Пуста кула се откопани темелите на голема стара црква а во селото постои и разурнатата црква Света Петка, во која имало надгробна плоча од мермер со рељеф, што во времето на српските власти била пренесена во Скопје. Цркватата во внатрешноста поседувала надгробен споменик со 3 рељефни лика, без натпис.

Во месноста Манастириште се наоѓаат урнатини и артефакти поточно глави од статуи, делови од копја и стрели. Во близина на селото според преданијата се наоѓал манастирот Радичевец додека над Ветерско имало старо кале од град наречен Островица или Островец.

Жителите на Рудник за манастирот во Ветерско велат дека е нивни како и дека во селото во 1670 година била изградена црква чии ктитори биле селаните Јове, Неда, Неранџа, Продан, Степана, Спасе, Угрин, Дамче и Таса. Така пишувало на црквата.

Интересно е дека во атарот на ова село постоеле 4 камени крстови. Пред нив на некои верски празници се собирале жителите и се молеле. Најпосетен крст бил оној над селото посветен на Свети Илија.

Во шумскиот појас над ова денес велешко село порано постоел голем шумски појас од јасен, габер и даб. Сепак куќите во селото биле градени од „керпич“ или земја и камен. Земјата служела место малтер. Преградните ѕидови ги правеле од „плитар“ кој се викал и болме. Тие биле потенки во однос на надворешните ѕидови кои пак биле со дебелина од 0,6 до 1 метар. Покривите на куќите биле од сено или турска керамида, а поретко од плочи од шкрилец, какви што имало на куќите во Велес, на десната страна на Вардар. Куќите имале една просторија , поделена на два дела. Во еден се наоѓала стоката значи бил пондило или буџак додека на катот катиштето живееле луѓето. Катот имал огниште од камен и оџак. На влезот на куќата постоел трем или на турски аралак. Во ѕидовите имало празнини кои се нарекувале комори за редење на садовите и предметите за секојдневна употреба. Некои куќи имале и подруми нарекувани потони. Побогатите и поголеми куќи на спрат обавезно имале чардак поточно дрвен балкон, опшиен со дрвена ограда.

Во сeлото Рудник едно домаќинство имало и до 50 дунуми земја ( 1 думум изнесувал 1600 м2). Се сеело жито, тутун, ечмен – јачмен, овес, пченка или мумуроз, слануток, малку р`ж и овес. На мали површини се сеел и уров, бостан, афион и памук. Памукот порано бил повеќе застапен, но цената му паѓала, па затоа селаните престанале да го сеат. Во овие краишта се произведувал и анасон со врвен квалитет, кој според некој записи е редовно извезуван во Марсељ ,Франција. Инаку, жителите стоката ја чувале во селото и преку зима. Некогаш се одгледувале и пчели и свилена буба, ама поради специфичната постапка на одгледување, постепено опаѓал интересот. Рудничани биле и добри ловџии, а на лов се ловело со пушка или со „ железо“, односно со железни стапици.

Како најстари семејства во селото се споменуваат Станкови од кои се одделиле Мерџови, Ѓурови, Бурчеви, Гркови, Павлови. Поп Димитрија Павлов ( Чуко) , турците го убиле во Попов Дол, па Павлови се отселиле во Велес, а во селото останале дел кои се презивале Чакареви . Ѓурови се отселиле во Ниш. Семејството Станкови е познато и под надимакот Манговци. Дедото Станко, по него родот и го добил фамилијарното име, служел две слави Свети Никола и Свети Арангел. Шоркови и Гркови биле дојденци. Бошкови го славеле Митровден . Внук на дедо Бошко, некој Аџи Тане , кажувал дека дедо му е роден во селото, но мајка му се премажила во Серес кога тој имал 7 години. Тој подоцна се вратил назад во селото, се оженил и имал 6 сина и 3 ќерки. Кушевци или Србинкови потекнуваат од селото Иванковци, Петкови од Овчеполието, а Мечови од селото Чука. Дамчевски се доселени после 1918 година од охридско преку еден член како домазет кај Шабановци. Слава им бил летен Свети Атанас. Старо семејство во селото било и Сланчеви. Таму живееле уште семејствата Грозданови, Џинови и Китанови. Диме викан Целце се доселил од селото Чука иако неговата семејна лоза потекнувала од селото Ќоселари. Спасеви се преселиле во скопско Тафталиџе.

Слава што ја славело селото од памтивека била Свети Никола, а по доаѓањето на србите во 1912 година повеќе фамилии го земале за свој празник Свети Арангел. Можеби ова е само еден мал дел за селото Рудник. Секако има што уште да се каже, но за почеток е доволно и тоа вреди да се знае.

Љупчо Данов

 

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

8xbet คาสิโนออนไลน์888
8xbet
8xbet
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ข่าวฟุตบอล
8xbet บาคาร่า
8xbet เว็บพนันออนไลน์เว็บตรง
บอลไทย U23
แทง บอล เดี่ยว
ข่าวบอลอังกฤษ
การคาดการณ์การแข่งขัน
8xbet คาสิโนสด
คะแนน ผล บอล สด 888
พัทยาสปอร์ต
ข่าวกีฬาเขตร้อน
ผลบอลสดวันนี้
ดูบอลสด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ราคา บอล ภาษา ไทย
8xbet แจกเครดิตฟรี 1000บาท
ไทยล่าสุดฟุตบอลยุโรป
ดูบอลออนไลน์888
โปรแกรม ฟุตบอล ไทย วัน นี้
8xbet
888 ผล บอล สด ภาษา ไทย
8xbet-สล็อตแมชชีน
ถ่ายทอดสดฟุตบอลวันนี้
ดูการแข่งขันฟุตบอลออนไลน์
วันนี้ล่าสุดฟุตบอล
ดูบอลสด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
กษัตริย์สปอร์ต
เว็บข่าวกีฬา
ข่าวกีฬา ข่าวฟุตบอล
ดูบอลสด
ผล บอล ไทย 888
ฟุตบอลไทยล่าสุด
บอล วัน นี้ บ้าน ผล บอล
ผลบอลสดไทย
ผล บอล สด 888
อัปเดตข่าวบาดเจ็บ ล่าสุด
ผล บอล สด ตาราง คะแนน
ดูฟุตบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ผลการแข่งกัน
8xbet
ตาราง บอล สด ไทย
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสดวันนี้
8xbet
ข่าวกีฬาสดใหม่
Sport Live News
8xbet สล็อตออนไลน์
8xbet คาสิโนสด
meta789 สถานีข่าวกีฬาฟุตบอล
การเดิมพัน 8xbet
ผล บอล ไทย สด
8xbet
8xbet - หน้าแรกการเดิมพันออน
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอล ดูบอลสด
8xbet เข้าสู่ระบบ
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet คาสิโนสดไทย
8xbet
ดูบอลสด วันนี้ HD ครบทุกคู่
ข่าวกีฬาวันนี้
8xbet คาสิโนถูกกฎหมาย
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
คะแนนฟุตบอล และข่าวสาร
8xbet
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา ฟุตบอล
บอลไทย U23
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก
TNS Thai Sport
ตก็สามารถดูบอลออนไลน์ได้ทันที.
8xbet
พนัน บอล สด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
ตารางบอล
แพลตฟอร์มการเดิมพันชั้นนำของเอเชีย
ข่าวกีฬาวันนี้
เว็บไซต์รวมกีฬาและภูมิศาสตร์มนุษย์ของประเทศไทย
ฟุตบอลวันนี้ ถ่ายทอดสด
ผล บอล ไทย สด
โปรแกรม บอล ไทย u23
8xbet ออนไลน์
8xscore
ข่าวฟุตบอล
8xbet คาสิโนออนไลน์อันดับ1
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
บอล สด 888
8xbet
สกายสปอร์ต
การดำเนินชีวิตที่เทคโนโลยี
ดูบอลออนไลน์ ไม่กระตุก
วิธี สมัคร บา คา ร่า มือ ถือ
สำหรับคอกีฬาอย่างคุณไม่ควรพลาด
8xbet สโมสรกีฬาออนไลน์และคาสิโน
คาสิโนออนไลน์ 8xbet
ไฮไลท์ฟุตบอลตารางบอล
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผลบอลสดวันนี้
ฟุตบอลต่างประเทศ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูบอลสดฟรี
ดูบอลฟรี android tv รองรับทุกระบบ
ข่าวฟุตบอลไทย
ข่าวฟุตบอลล่าสุด
8xbet เว็บคาสิโนสด
บอลไทย ตารางแข่ง
Nuru Sports Club
ดูฟุตบอลออนไลน์
8xbet เว็บบาคาร่าออนไลน์
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
วันนี้ล่าสุด
Sunshine Sports
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
ข่าวฟุตบอลไทยล่าสุด
ดูบอลสดดูบอลออนไลน์
และกีฬาอื่นๆ
ผลบอลเมื่อคืน
8xbet เครดิต ฟรี
สารานุกรม
8xbet
ข่าวกีฬาวันนี้
ผลบอลสด
แทง บอล ขั้น ต่ํา
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด ลา ลิ กา
บอลไทย
ตารางบอลล่าสุด
พรีเมียร์ลีก
ผลบอลผลบอลสด
โปรแกรม บอล
ข่าวการแข่งขันฟุตบอล
เว็บดูบอลออนไลน์ที่จะช่วยให้คุณ
8xbet คาสิโนออนไลน์
ดูทีวีออนไลน์
8xbet คาสิโนบาคาร่า
ดูบอลสด
การคาดการณ์การแข่งขันอ
ได้เครดิตฟรี 100 บ
โปรแกรม ถ่ายทอด ฟุตบอล สด
อัปเดตข่าวฟุตบอล ล่าสุด
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ฟุตบอลเชลซีถ่ายทอดสด
วิธีแทงบอลในเว็บ
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
แทง บอล ออนไลน์ ยัง ไง
อัตรา แทง บอล
พนัน บอล สด
รวมข่าวฟุตบอล ผลบอล
ผลบอลสด7m888
8xbet การพนันออนไลน์
ข่าวกีฬา
ผลบอลสด
8xbet คาสิโน มีอะไรบ้าง
ฟุตบอลทีมชาติไทย
ตาราง ฟุตบอล ทุก ลีก
แทง บอล คือ อะไร
ตาราง คะแนน พรีเมียร์ ลีก
โปรแกรมถ่ายทอดสด
ดูบอลออนไลน์
ข่าวกีฬา
บอล พรีเมียร์ ลีก
คะแนน บอล สด
ผลฟุตบอล
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ผลบอลสดไทยทุกแมชทั่วโลก
ข่าวกีฬาออนไลน์
ไฮไลท์ฟุตบอล
Sports Around Thai
8xbet เครดิตฟรี50 แทง บอล
ไฮไลท์ฟุตบอล
สล็อตออนไลน์
กีฬาต่างประเทศ ผลบอล
เดิมพันแมนเชสเตอร์ซิตี้
ผลบอลสด888
8xbet คาสิโนออนไลน์เว็บตรง
ไฮ ไล ท์ แมน ยู ล่าสุด
ผล บอล พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ล่าสุด
เว็บไซต์เดิมพันกีฬาที่ดีที่สุด
ดูบอลออนไลน์
เดิมพันกับ 8xbet
วิเคราะห์บอล
8xbet
8xbet คาสิโนออนไลน์ที่ดีที่สุดในเมืองไทย คา
ข่าวกีฬาวันนี้ ล่าสุด
ดูฟุตบอลออนไลน์
ดูบอลสดไทย
8xbet สล็อตแมชชีน
พนัน บอล สด
ข่าวบอลพรีเมียร์ลีก
แม็กกี้ สปอร์ต
8xbet
ข่าวกีฬา ล่าสุด
4U Sports Thai
8xbet คาสิโนพรีเมียม
ข่าวกีฬาล่าสุด
ผลบอลสด888 บอลพรุ่งนี้
เกมสล็อต 8xbet
ดูบอลออนไลน์ทุกลีกทั่วโลก
ผล บอล สด 365
ผลบอลพรีเมียร์ลีก
8xbet คาสิโนออนไลน์
8xbet
กีฬาแห่งประเทศไทย
8xbet
ถ่ายทอดสดฟุตบอล
ข่าวกีฬาไทย 24
สล็อตออนไลน์เว็บตรงไม่ผ่านเอเย่นต์ PG SLOT99
ผล บอล สด sbobet
เว็บโป๊กเกอร์ออนไลน์ ที่ pokerthai99
ผลบอลสด
ฟุตบอลไทยวันนี้ช่องไหน
อัตรา แทง บอล วิเคราะห์บอล
รายการ บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก
ผลฟุตบอลไทยวันนี้
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ถ่ายทอดสด บอลวันนี้ ช่อง
ทีเด็ดบอลวันนี้ 4 คู่ผลบอลสด
ตารางบอลวันนี้ ทุกลีก ภาษาไทย
ดูวิเคราะห์บอลวันนี้
ไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสดไทยลีก วันนี้ ถ่ายทอดสด ช่อง ไหน
โปรแกรม พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ ถ่ายทอด สด
เช็ค ผล บอล วัน นี้ พรีเมียร์ ลีก อังกฤษ
888 ผล บอล ผล บอล สด