Крадец нападнал жена и се обидел да и ја оттргне ташната
Објавено на 13 март, 2018 во 09:07
Дваесет и осум годишната В.П, вчера била нападната од непознато машко лице на возраст од 30 години додека се движела од „мало мовче“ кон улицата „Петре Прличко“. Нападот се случил околу 18 часот, кога во еден момент од зад грб крадецот се обидел да и ја оттргне од левата рака женската ташна. Жената не му дозволила на крадецот да ја постигне целта бидејќи се одбранила.
Единствено не успеала да си го сочува мобилниот телефон што го држела во раката кога со лактот од десната рака крадецот ја удрил по главата и избегал во правец кон централниот градски пазар.
Нападнатата жена го пријавила нападот во полициската станица на СВР Велес. Полицијата трага по напаѓачот што жената го видела и добро го опишала на полициските инспектори./У.Ј