Полицијата бара помош од граѓаните за идентификација на пронајдено непознато тело на машко лице во велешко
Безживотно тело на маж, висок околу 170 сантиметри крупен, со челна ќелавост и црна кратка коса пронашла полицијата на ридот над автопатот Е-75 Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во велешко Башино село. Мртвиот маж на нозете носел гумени опинци. Тој бил облечен со јакна во светло кафена боја на чија предна страна постоел амблем со британско знаме. Под неа, бил облечен во црн комбинезон и темно сина блуза со хоризонтални шари како и дуксер со темно сина боја.
Откако интервенирала Итната медицинска помош, која утврдила дека нема траги на насилство на телото на покојникот, исто така увид направила и екипа на СВР Велес.
Полицијата бара дополнителни информации и помош од граѓаните како би можеле да го идентификуваат мртвиот маж.
Граѓаните кои можат да дадат било каква информација за исчезнато лице или препознаваат личност која ја познаваат потребно е да се јават на телефонскиот број 192 или да ја посетат полициската станица на СВР Велес.
Засега сомнежите се дека станува збор за случаен минувач, граѓанин на Македонија или пак овчар, кој е граѓанин од друг дел на државата но, кај не го не се најдени документи за лична идентификација. /У.Ј