Одбележан патрониот празник на ОЈУ Градинка „Димче Мирчев“
Децата кои се згрижени во централниот клон, кај Жаба зграда, заедно со стручниот- педагошко воспитувачки тим на општинската јавна установа детска градинка „Димче Мирчев“ го одбележаа патрониот празник Таму во знак на почит кон народниот херој, велешанецот, Димче Мирчев тие прво со гостите од Општинската боречка организација и од останатите институции, соработници на установата, прво положија цвеќе пред бистата на патронот. Така започна одбележувањето на седумдесет и четири годишнината од смртта на првоборецот Димче Мирчев.
Потоа во културно уметничката програма ја испеаја химната на градинката и учествуваа во подготвен рецитал. Потоа своите уметнички вештини ги покажаа како млади уметници кои цртаа на поставените масички во дворот на градинката.
Така низ нивните мали уметнички дела беа пренесени знаењата што тие секојдневно ги стекнуваат преку реализација на годишната Програма за работа во која прилагодени на нивна возраст се вградени и теми за традицијата и историјата на градот и државата./У.Ј