Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во изминатите шест дена зголемен е водостојот на езеро „Младост“. По последните врнежи од дожд, минатата недела, водостојот е повисок и затоа се појавува наместа прелевање по должината на преливниот праг на браната. Ова е трета пролет кога започнувајќи од февруари хидролошката состојба во велешко е добра. За разлика од претходните години кога пролетниот период бил сушен сега во езерото, во висина, има 1,5 метри повеќе вода. Последните мерења покажуваат дека котата на надморска висина на точката кај браната на езерото сега изнесува 246,96.

Нивото на водата од езерото пред една седмица прелеало и од отовичка страна, во близина на плажата. Таму излевањето се случило на околу еден метар на самата пешачката патека.

- Сега водата е повлечена и таму има само остатоци од мил и кал, рекоа граѓани што патеката ја користеа за пешачење.

Од спротивната страна покрај патот што води до хотелот и мотелот под вода се наоѓаат детските лулашки кои се составен дел на крајбрежниот појас во близина на клупите и масите што граѓаните ги користат за еднодневни излети. 

Според инжинерите агрономи зголеменото количество на вода со кое сега располага езеро „Младост“ се должи на врнежливиот период и невклучениот систем на наводнување на лозовите насади околу велешко езеро. Нивните проценки се дека штом започне сезоната на наводнување водостојот ќе се намали.

Од ЈП „Лисиче“ соопштија дека состојбата со водостојот на велешко езеро не е критична како и дека се мери постојано како и се следи количината на вода во езерото./У.Ј

Поврзани вести

 

Најново