Бездомни кучиња нападнаа двајца велешани
Објавено на 16 април, 2018 во 16:40
Двајцата велешани биле нападнати од пет бездомни кучиња од непозната раса.
“При обид да се одбрани лицето Н.Ш. било каснато од едно од кучињата за десната рака во делот на прстите, при што, му била нанесена повреда,“ пишува во информацијата на Секторот за внатрешни работи во Велес.
Нападот се случил во петокот, на 13 април, попладнето на улицата „Шефки Сали“.
– Каснатиот велешанец прво бил примен на хирушкото одделение во ЈЗУ Општа болница во Велес каде по укажаната помош во санирање на раната бил префрлен и на Инфективното одделение за да прими вакцина бидејќи, според кажувањето на пациентот кучето не било со маркица и не било третирано, рече портпаролката на болницата Марина Андова./У.Ј