Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Се согледуваа конфликти и конфликтни ситуации, се водеше разговор за начинот на создавање на конфликти, имаше и дебата за факторите кои што влијаат за да се создаде конфликтна ситуација и најважниот дел како на конструктивен начин треба да се избере решение за учениците да не дојдат во непосакувани ситуации. Вака може да се опише вчерашната работилница на учениците во ООУ „Васил Главинов“во Велес.

Интересот што го покажаа учениците беше голем бидејќи тие секојдневно во училиштето, дома или на улица, се среќаваат со елементарни конфликтни ситуации што поради возраста а можеби и поради младешката енергија. Училишната педагошко-психолошката служба ги поттикнуваше преку почитување на ставот на секој ученик да доаѓаат до компромисно решение на конфликтот, без употреба на сила.

- Врз основа на препоставките како би можеле да завршат конфликтните ситуации ние градевме ставови конфликтите да заврат на добар и секако да се избегне лошиот начин. Затоа апелирам до родителите на нивно поголемо и почесто присуство во училиштето за да постигнеме заеднички решенија штом се појават конфликтни ситуации и да придонесеме за поквалитетни знаења на нивните деца. Потребен ни е фамозниот тријаголник наставник, ученик, родител ако посакуваме да изградиме здрави личности со квалитетни вредности што ќе им користат во животот, рече психологот м-р Асен Прличков.

Тој е еден од тројцата наставници во педагошко психолошкиот училишен тим кој смета дека ваквите работилници се само еден можен начин учениците да осознаваат корисни информации. Прличков апелира на образовниот процес, особено во основните училишта, да му се врати воспитната компонента преку која ќе можат да се избегнуваат конфликти како оној во неготинското основно училиште што деновиве сериозно ја вознемири македонската јавност.

- Преку темата „Конструктивен начин за разрешување на конфликти“ , која е само една од повеќето на кои се работи во училиштето, се постигнуваат повеќе цели. Учениците се образуваат како да не предизвикаат но и како можат да решат конфликтна ситуација. Се стимулираат почесто да разговараат и меѓусебно да се слушаат и доколку не можат да најдат решение да побараат помош од наставниците и родителите, рече Прличков.

Работилниците на оваа тема се реализираат со учениците од осмо и девето одделение. Потоа ќе следат и сесии на темата „Развивање на комуникациски вештини и справување со специфични карактери на луѓе“. Добро ќе биде ако на истите доаѓаат и родителите кои редовно се поканети. /У.Ј

Поврзани вести

 

Најново