Атлетска трка под мотото ”Да трчаме, здраво е” по повод 20 години Друштво на родители за грижа за здраво поколение
Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес својот дваесетти роденден одлучи да го одбележи со вкупно 20 организирани настани. Еден од нив се одржа денеска кога на градскиот фудбалски стадион организираше атлетска трка под мототот ”Да трчаме, здраво е”. Тоа е традиционална трка посветена на Светскиот ден на здравјето и на одбележувањето на Денот на планетата Земја. Станува збор за мини маратон, на кој учество земаа сто учесници, ученици во основните училишта од нашиот град.
Настанот беше поддржан од страна на Атлантик Група, Македонија, која како општествено одговорна компанија несебично се вклучи во поддршката и со донацијата од нивна страна учесниците се освежија по настанот.
Во исто време друштвото упати благодарност за поддршката на нивниот настан и до Јавното претпријатие „Парк спорт“ која се сосотоеше од бесплатно користењето на атлетската патека на градскиот фудбалски стадион./У.Ј