Игор Здравковски е новиот Претседател на Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ во Велес
Одлуката ја донесе највисокото партиско тело поточно Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ заедно со Претседателот Христијан Мицковски, по распишан конкурс и согласно критериумите за избор, на кој стигнале кандидатури на вкупно 18 кандидати на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес.
Триесет и четиригодишниот Игор Здравковски е дипломиран професор по одделенска настава на УКИМ и е вработен во ООУ „Блаже Конески“. Тој има десетгодишен работен стаж од кој пет години во образование и исто толку во Центарот за социјална работа во Велес.
Здравковски претходно членувал во многу здруженија и организации од сверата на образованието, спортот и заштита на животната средина. Тој во 2004 година пристапил на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во Велес за една година подоцна активно да се вклучи во работата на велешкиот ОК . По четиринаесет годишен континуиран партиски ангажман Игор Здравковски е избран за претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес. .
Тој е наследник на Александар Колев, актуелен советник и поранешен Претседател на Советот на општина Велес, чиј мандат како Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Велес истече годинава. /У.Ј