Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Со верски обред од страна на оџата Сефадин Селимовски и посета на вечното почивалиште на четиринаесетте бегалци, во близина на велешкото село Раштани, денеска беше одбележана три годишнината од немилиот настан што се случи на железничката пруга Велес -Скопје кога воз ги удри и усмрти на лице место. Тие загинаа во обидот да ја поминат Македонија и да стигнат во некоја од западно европските земји бегајќи од војната во матичните земји Авганистан и Сомалија. 

Тринаесет од нив беа Авганистанци и еден Сомалиец на возраст од дваесет до дваесет и седум години.

Несреќата се случи на 23 април, на железничката пруга на 20 километри северно од Велес, а тие беа погребани два дена подоцна во заедничка гробница што Општина Велес ја определи за нивно вечно почивалиште.

Денеска нив почит им оддадоа делегација на УНХЦР и хуманитарката Ленче Здравкин./У.Ј

 

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

PITIJADAVELES1

Најново